Велешките таленти го продолжија училиштниот проект на ЦЕВ и на ОФМ

 

Ако се уште не може во сала, може на отворено! Долгата пауза во тренинзите и во натпреварите поради коронакризата, уште повеќе ја зголеми желбата за одбојка кај сите генерации. Најмладите, коишто кај нас учествуваа во училиштниот проект во организација на ЦЕВ, а чијшто партнер е ОФМ, ги продолжија активностите почитувајќи ги здравствените протоколи, а со тоа на свој начин го најавија почетокот на новата учебна година. Младиот кадар на ГОК Борец одржа тренинг на отворен простор покажувајќи колку активностите со топка им недостигаат и на најмладите.

 

Ние ги почнавме подоготовките за новата сезона. Долго очекуваниот тренинг во природа почна со физичка подготовка со напомена дека строго ги следевме мерките за заштита на здравјето на сите“, изјави Весна Николовска, одбојкарска тренерка и професорка по физичко воспитување. „Децата со нетрпение ги очекуваа спортските активности. Ние мора да продолжиме да живееме и да надеме начин да функционираме и да останеме здрави. Одбојката е наш живот и сакаме да го живееме“, Николовска ја пренесе универзалната порака со којашто легнуваат и се будат сите одбојкарски вљубеници, меѓу нив и велешките таленти. Некои од нив можеби ќе бидат следни носители на македонската одбојка.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *