Македонска одбојкарка лига (29та сезона) – жени

 

Два нови клуба и зголемена конкуренција во највисокиот натпреварувачки ранг

 

Според системот за натпревари во Прва лига (жени), во есенската фаза од оваа сезона, секоја екипа од двете групи ќе одигра по шест натпревари, по што најдобрите три од двете конкуренции ќе ја формираат Втората фаза-1. Во неа ќе има двокружен систем со по десет натпревари според принципот „секој со секого, дома и на гости“, а првите четири екипи ќе се изборат за место во полуфиналето. Екипите што ќе завршат од четвртата до седмата позиција во двете групи во есенскиот сегмент (вкупно 8), ќе учествуваат во Втората фаза-2, во којашто ќе одиграат по 14 натпревари според двокружен систем. Најдборите две во тој сегмент ќе обезбедат сигурен настап во Првата лига и во наредната сезона, а другите ќе играат во Втората лига чиешто формирање е најавено за натпреварувачката 2021/22

 

Фит Фан волеј и Јанта волеј Кисела вода се двата нови клуба во Првата женска одбојкарска лига којашто годинава ќе брои дури 14 екипи. Поради актуелната здравствена ситуација, за разлика од претходно, ќе има две групи, за скратена програма со крај на есенскиот дел во предвидениот термин до средината на декември.

 

Освен неделниот натпревар на дебитантот Фит Фан волеј со Вардар жени, кој е еден од најсериозните аспиранти за шампионската титула, сите други се закажани за утре. Во групата „А“, Македонија Макс ќе игра со Наковски волеј во струмичкото дерби во коешто гостинскиот тим ја носи фаворитската ролја, а Јанта волеј Форца ќе се обиде да ја искористи својата сала против Универзитет во Тетово жени. Екипата на УГД Студент жени ќе биде слободна во почетното коло од оваа конкуренција, додека, пак, Струмица жени ќе го чека наредниот викенд за деби во групата „Бе“. Во неа, Пелистер волеј ќе се сретне со Ускана во меч којшто би требало да биде изедначен, Виктори волеј ќе се потруди да му парира на освојувачот на двојната круна од пред две години, составот на Работнички Скопје, а дебитантот ЈВ Кисела вода, којшто е втора екипа на Јанта волеј, ќе игра со Бами Кор.

 

Прва лига (жени), група „А“, 1.коло

Македонија Макс – Наковски волеј (сабота, 14.00)

Јанта волеј Форца – Универзитет во Тетово жени (сабота, 16.00)

Фит Фан волеј – Вардар жени (недела, 18.00)

***Слободна е екипата на УГД Студент

 

Прва лига (жени), група „Бе“, 1.коло

Пелистер волеј – Ускана (сабота, 15.00)

Виктори волеј – Работнички Скопје (сабота, 16.00)

ЈВ Кисела вода – Бами Кор (сабота, 12.00)

***Слободна е екипата на Струмица жени

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *