Универзитетска пресметка за директниот пренос денеска

 

Три екипи досега остварија максимален биланс по два одиграни натпревара во Првата машка лига, а две од нив се без загубен сет, но поради подобар поен-количник, Џио Струмица може да пофали дека е на првото место на табелата во најквалитетната македонска одбојкарска конкуренција. Освојувачот на двојната круна од последната целосно одиграна сезона, ланската не заврши поради пандемијата, триумфираше на гостувањето кај Весна Пробиштип со два доминантни и еден порамноправен сет. На ист начин Вардар славеше кај повратникот во Првата лига, тимот на Јанта волеј, а шест бода досега освои и Шкендија која ја доби локалната пресметка со Лирија, но за разлика од Џио Струмица и од Вардар, загуби сет, а со тој биланс е третопласирана по саботните средби. Во дербито на дното, ГОК Борец ја продолжи успешната серија во меѓусебните дуели со Дибра волеј и се радуваше на теренот на противникот со 3-0.

ОК Џио Стумица

 

Во редот на екипите коишто имаат стопроцентен ефект може да застане и Универзитет во Тетово доколку ја потврди фаворитската улога против Штип УГД Штип. Во универзитетското соочување коешто ќе оди директно на МРТ 3 каналот од 17 часот и 55 минути, тетовци ќе влезат со почетната победа остварена во Велес минатиот понеделник, а штипјани со очекуваниот пораз во своја сала од еден од претендентите за највисок пласман – Вардар.

ОК Весна Пробиштип

 

Прва лига (мажи), 2.коло

Весна Пробиштип – Џио Струмица 0:3 (12:25, 20:25, 10:25)

Јанта волеј – Вардар 0:3 (15:25, 15:25, 17:25)

Лирија – Шкендија 1:3 (25:23, 13:25, 16:25, 22:25)

Дибра волеј – ГОК Борец 0:3 (15:25, 12:25, 21:25)

Универзитет во Тетово – Штип УГД Штип (денеска, 18.00, пренос на МРТ 3)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *