Струмичанки и битолчанки го бранат врвот во двете групи во Првата лига (жени)

 

Наковски волеј и Пелистер волеј ќе играат за максимален ефект, а шест екипи се надеваат на првата сеонска победа во нашата најсилна женска одбојкарска конкуренција. Откако ја доби локалната пресметка со Македонија Макс, тимот на Наковски волеј ќе го пречека составот на Јанта волеј Форца со амбиција да остане на водечкото место во групата „А“. Противникот, пак, ќе се обиде да се рехабилитира за почетниот пораз на свој терен од составот на Универзитет во Тетово жени, којшто е слободен во оваа првенствена рунда. Во Штип, во нивната премиера во новата сезона, УГД Студент жени ќе го пречека дебитантот во лигата, Фит фан волеј, а Вардар жени и Македонија Макс ќе играат во некој друг термин.

 

И во групата „Бе“ ќе има само два натпревара претстојниот викенд. Пелистер волеј ќе гостува кај Бами Кор со желба да го надгради триумфот над Ускана на отворањето на сезоната, а тетовскиот клуб ќе игра за да го поправи впечатокот од поразот без освоен сет во салата на Јанта волеј Кисела вода. Ускана на свој терен ќе ги одмери силите со Виктори волеј за кого утрешниот натпревар ќе биде прв сезонава. Кичевки минатиот викенд гостуваа во Битола, но одиграа слабо, така што на премиерата на свој терен ќе сакаат да го поправат впечатокот, но и да остварат победа за да ги задржат шансите за влез меѓу првите три на табелата, а со тоа да настапуваат во посилната натпреварувачка фаза во вториот дел од сезоната. Во ова коло ќе одмора екипата на Работнички Скопје, а одложена е средбата меѓу Струмица жени и Јанта волеј Кисела вода.

 

Прва лига (жени), група „А“, 1.коло

Наковски волеј – Јанта волеј Форца (сабота, 18.00)

УГД Студент жени – Фит фан волеј (недела, 17.00) 

Вардар жени – Македонија Макс (одложен)

***Слободна е екипата на Универзитет во Тетово жени

 

Прва лига (жени), група „Бе“, 1.коло

Бами Кор – Пелистер волеј (сабота, 17.00)

Ускана – Виктори волеј (сабота, 14.00)

Струмица жени – ЈВ Кисела вода (одложен)

***Слободна е екипата на Работнички Скопје

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *