Премиерна победа на дебитантот Фит фан волеј, врвот за Наковски волеј и за Пелистер волеј

 

Три гостински и една домашна победа, сите со идентичен резултат 3:0, стопроцентен ефкет на Наковски волеј и на Пелистер волеј за водечки места во двете групи и премиерна победа за Фит фан волеј во дебитантската сезона во најквалитетната македонска женска одбојкарска лига. Тоа е содржината на некомплетното второ коло во коешто немаше неизвесен натпревар иако во Кичево Ускана и Виктори волеј играа два сета на разлика. Во првиот и во третиот сет гостинките од Струмица беа поконцентрирани, а во вториот доминантни, па го прославија првиот сезонски триумф. Во другиот меч од групата „Бе“, Пелистер волеј го издржа првиот сет на гостувањето кај Бами Кор, а потоа лесно ја забележа втората победа со што има солидна предност пред конкурентите за пласман на првите три позиции коишто обезбедуваат настап во елитната фаза напролет. Струмица жени и Јанта волеј Кисела вода ќе играат во друг термин, а слободна беше екипата на Работнички Скопје.

 

Во групата „А“, Наковски волеј лесно го доби соочувањето со Јанта волеј Форца и ја впиша втората победа, а голема причина за задоволство има и дебитантот во лигата, Фит фан волеј, кој славеше на гостувањето во Штип против УГД Студент жени. За скопскиот состав тоа е значаен чекор затоа што премиерната победа во Првата лига ја оствари во првиот настап, а со тоа сега е на второто место на табелата. Универзитет во Тетово, кој беше слободен во ова коло, исто така има еден триумф, но загуби еден сет на отворањето на сезоната. Во оваа конкуренција беше одложен дуелот меѓу Вардар жени и Македонија Макс.

 

Прва лига (жени), група „А“, 1.коло

Наковски волеј – Јанта волеј Форца 3:0 (25:14, 25:18, 25:20)

УГД Студент жени – Фит фан волеј 0:3 (14:25, 20:25, 18:25)
 
Вардар жени – Македонија Макс (одложен)

***Слободна е екипата на Универзитет во Тетово жени

 

Прва лига (жени), група „Бе“, 1.коло

Бами Кор – Пелистер волеј 0:3 (21:25, 10:25, 11:25)

Ускана – Виктори волеј 0:3 (29:31, 10:25, 24:26)

Струмица жени – ЈВ Кисела вода (одложен)

***Слободна е екипата на Работнички Скопје



Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *