Првото сеонско дерби немаше вистински сјај, Универзитет во Тетово убедливо славеше над Вардар

 

Универзитет во Тетово лесно го совлада Вардар со 3:0 (25:19, 25:22, 25:21) во првото сезонско дерби во најквалитетната македонска одбојкарска конкуренција. Во салата „Кале“ во Скопје беше 3-0 за тетовци коишто беа подобри во сите елементи и имаа целосна контрол на мечот. Вардарци немаа стабилен прием, поради тоа и организација на напад, па гостинскиот состав тоа го користеше иако имаше значителен број сервис грешки. Во завршница гостинскиот тим беше поефикасен и на коректорска и на примачките позции, така што стигна до шестата победа во осмиот меѓусебен натпревар сметајќи го билансот од претходните две сезони.

 

Адриатик Бериша освои 21 поен за Универзитет во Тетово, сите од напад, освен еден ас, Бојиќ заврши со 10, а Генов со 6, додека, пак, техничарот Стошиќ запиша пет поени, три од нив исклучително значајни кога се решаваше првиот сет. Кај Вардар, Стојан Илиев со 10 беше единствениот двоцифрен, коректорот Јовица Симовски освои девет, а со таков ефект Вардар не може да смета на победа во натпревари со ваква тежина.

 

Универзитет во Тетово го задржа максималниот биланс и се уште е без загубен сет, но поради полош поен-количник е второпласиран тим на табелата зад Џио Струмица, а по првиот сезонски пораз, Вардар е на четвртата позиција.

 

Прва лига (мажи), 3.коло

Шкендија – Весна Пробиштип 3:0 (25:20, 25:17, 25:5)

Штип УГД Штип – Дибра волеј 3:0 (25:15, 25:14, 25:11)

Џио Струмица – Јанта волеј 3:0 (25:16, 25:17, 25:18)

ГОК Борец – Лирија 3:1 (19:25, 25:20, 25:11, 25:16)

Вардар – Универзитет во Тетово 0:3 (19:25, 22:25, 21:25)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *