Втор пораз и елиминација на Вардар од Калцит Камник

 

Македонскиот претставник Вардар очекувано беше поразен од Калцит Камник со 3:0 (25:16, 25:17 и 25:17) и во реваншот од шеснаестинафиналето на Челенџ купот на ЦЕВ. Словенечката екипа ја потврди доминацијата и во вториот меѓусебен натпревар со подобар прием и напад, како и со девет наспроти пет блока и со осум наспроти пет аса. Сепак, вардарци освоија повеќе поени за разлика од вчерашниот меч, којшто, исто така, беше одигран во “Спортската арена” во Камник.

 

Стојан Илиев со 11 поени го заслужи епитетот најефикасен кај Вардар, на вчерашните седум, Тино Шулајковски додаде шест поени во денешната епизода од двомечот, а Симовски заработи само четири. Со ова, Вардар го заврши настапот во еврокуповите за сезонава, исто како претходно Џио Струмјца против Омонија од Кипар.

 

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *