Дерби во Скопје и три натпревари за пласман во елитното друштво

 

Откако го обезбедија првото место по есенскиот дел од Првата лига (жени), одбојкарките на Вардар ќе одмораат во претпоследното коло од оваа првенствена фаза, во којашто постои мешаница во трката за пласман во Втората фаза -1 напролет. Во неа ќе играат најдобрите три екипи од двете конкуренции, па од тој аспект сите натпревари од шестата рунда од групата „А“ имаат специфична тежина. Први на теренот ќе излезат Фит Фан волеј и Универзитет во Тетово во директна пресметка за место во елитниот сегмент. Дебитантот во лигата досега оствари две победи, а тетовки имаат три, па со успех во Скопје ќе ги отстранат сите дилеми околу реализација на целта да се најдат во водечкото трио. Доколку загуби, Фит фан волеј ќе има уште една шанса, но за да ја задржи ќе биде потребен кикс на Наковски волеј кај УГД Студент жени утре, а потоа и победа во меѓусебниот дуел со струмичанки наредниот викенд на гостински терен. Младиот тим на Јанта волеј Форца, пак, доцна фати победнички ритам, па дури и со триумф кај Македонија Макс во вторник, со оглед дека ќе биде слободен во последното коло, најверојатно уште по саботните натпревари ќе ги загуби теоретските шанси за пласман меѓу првите три екипи.

 

Во групата „Бе“ ситуацијата изгледа појасна затоа што Работнички Скопје и Јанта волеј Кисела вода имаат максимален ефект од четири победи во пресрет на меѓусебното соочување в недела. Поради тоа што во последното есенско коло ќе имаат полесна задача отколку во дербито, победникот ќе го обезбеди првото место, а поразениот нема да има проблем да се пласира во Втората фаза – 1. Вратата од тој сегмент е отворена и за Струмица жени која утре е фаворит против Ускана, а доколку ја потврди улогата, тогаш ќе ја забележи третата победа и можеби уште отсега ќе го обезбеди третото место. Тоа ги намалува шансите на Пелистер волеј и на Виктори волеј во пресрет на меѓусебниот меч којшто ќе биде одигран во дополнителен термин. Викендов активности ќе нема ниту за слободниот Бами Кор.

 

Прва лига (жени), група „А“, 6.коло

Фит фан волеј – Универзитет во Тетово (сабота, 13.00)


УГД Студент жени – Наковски волеј (сабота, 17.00)


Македонија Макс – Јанта волеј Форца (вторник, 17.00)

***Слободна е екипата на Вардар жени

 

Прва лига (жени), група „Бе“, 6.коло

Струмица жени – Ускана (сабота, 13.00)

Јанта волеј Кисела вода – Работнички Скопје (недела 19.00)

Пелистер волеј – Виктори волеј (одложен)

***Слободна е екипата на Бами Кор

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *