Македонските одбојкари загубија од Турција со 3:1 (16:25, 25:18, 18:25, 12:25)

 

Македонските одбојкари го загубија натпреварот со Турција со 3:1 во третото коло на квалификацискиот турнир во Скопје за пласман на Европското првенство во септември. Повторно имаше позитивни моменти, како блесокот во вториот сет, но и драстични падови во играта коишто можат скапо да го чинат црвено-жолтиот тим.

 

Отворивме лошо, со целосна деконцентрација, па во првиот сет не бевме конкурентни, а примачот Субаши направи разлика со сервис за убедливи 25:16. Потоа како да истрча нова репрезентација во арената „Борис Трајковски“, па нашиот напад предводен од Никола Ѓорѓиев, од Љафтов и од Милев направи пресврт и во вториот сет имавме целосна контрола на резултатот. Проработе и пасивниот блок, имавме контри и израмнивме со 25:18. Но не успеавме да се задржиме на потребното ниво, го загубивме приемот, противничкиот техничар Екши направи серија од четири аса на почетокот на третиот сет и веќе немавме нормална реакција на теренот, а пропуштвме и блок на Ѓорѓи Ѓорѓиев за контра за израмнување на 7-7. Оттогаш играа само Турците и го останаа на врвот на табелата во групата.

 

Кај нас, капитенот Никола Ѓорѓиев заврши со 18 поени, Александар Љафтов со 14, а Владо Милев беше стандарден со 10. Противничкиот коректор Адис Лагумџија освои 17 поени, го следеше Субаши со 14, а одлично издание имаше и блокерот Саваш со 13.

 

Со оглед дека и второто место може да обезбеди пласман на континенталниот самит, утре ни е потребна максимална победа со 3:0 над Босна и Херцеговина, а потоа уште некој сет, бод или победа над Турција в сабота за да ги зголемиме надежите за второ учество на европските првенства.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *