Без мака за фаворитите, Јанта волеј Форца и Пелистер волеј се радуваа во најнеизвесните натпревари

 

Со оглед дека двојките беа одредени според пласманот од есенскиот дел од сезоната, осминафиналното разигрување во македонскиот одбојкарски куп мина очекувано, со доминација на фаворитите. Работнички Скопје, Струмица жени, Наковски волеј, Универзитет во Тетово, Пелистер волеј и Јанта волеј Форца им се придружија на Вардар жени 2019 и на Јанта волеј Кисела вода во четвртфиналната фаза, во којашто, за разлика од почетната, ќе бидат играни два натпревара.

 

Во машка конкуренција, поради тоа што во сениорската лига настапуваат десет екипи, шест од нив автоматски обезбедија место меѓу осумте најдобри, а во осминафиналното разигрување учествуваа четири. Лирија беше поуспешна од Дибра волеј, а Весна Пробиштип го искористи домашниот терен против Јанта волеј, па тимот од Жеровјане и зелено-црните пробиштипјани ќе бидат дел од утрешната ждрепка за четвртфиналните двојки. Во неа се и шесте најдобропласирани на табелата во првенството: Џио Струмица, Универзитет во Тетово, Вардар, ГОК Борец, Шкендија и Штип УГД Штип.

 

Ждрепката ќе биде полудиригирана, а за тој дел се предвидени два меча. Доколку резултатот во победи е нерешен, а сет-количникот е идентичен, предвиден е таканаречен „златен сет“ до 15 поени. Истиот принцип ќе важи и за полуфиналето, доколку нема желба и одлука да биде органиизиран завршен турнир на елитниот квартет. Терминот за воведните натпревари од четвртфиналето е 10-ти овој месец, а реваншите ќе бидат закажани седум дена подоцна.

 

Македонски одбојкарски куп (1/8-финално разигрување-жени)

Работнички Скопје* – Бами Кор 3:0 (25:10, 25:7, 25:12)
Струмица жени* – Македонија Макс 3:0 (25:23, 25:17, 25:21)
Наковски волеј* – УГД Студент 3:0 (25:11, 25:20, 25:22)
Универзитет во Тетово* – Ускана 3:1 (25:23, 23:25, 25:13, 25:19)
Пелистер волеј* – Виктори волеј 3:1 (21:25, 25:22, 25:23, 25:21)
Фит фан волеј – Јанта волеј Форца* 2:3 (16:25, 25:19, 20:25, 25:21, 9:15)

 

Македонски одбојкарски куп (1/8-финално разигрување-мажи)

Лирија* – Дибра волеј 3:0 (25:13, 25:11, 25:14)
Весна Пробиштип* – Јанта волеј 3:0 (26:24, 25:19, 25:18)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *