Директни натпревари за второто место во двете конкуренции

 

Откако остварија по една победа на претходните две меѓусебни пресметки сезонава, Вардар и Универзитет во Тетово утре повторно ќе ги тестираат своите потенцијали, во овој случај за второто место на табелата во елитниот сегмент од македонската машка одбојкарска лига. Но оваа нивна средба ќе биде прва со овој играчки кадар, а тоа се разбира дека ќе има големо влијание, затоа што за разлика од декемврискиот натпревар во Тетово, Јовица Симовски, Стојанов и Шулајковски сега не се во црвено-црниот дрес. Поради тоа, без разлика што ќе гостува, тетовскиот тим е фаворит на хартија иако во дерби-соочувањата прогнозите често не добиваат потврда на теренот.

 

Во првото коло од Втората фаза-1, вкупно четврто, лидерот Џио Струмица ќе оди во Велес кај ГОК Борец којшто успеа да влезе во првата четворка и да обезбеди настап во полуфиналето од разигрувањето, но нема сили за нешто повеќе освен да се обиде да ги тестира посилните екипи во натпреварите без резулатско оптоварување. Освојувачот на двојната круна во 2019 досега не загуби, така што веќе има голема позитива од три победи во однос на Универзитет во Тетово и на Вардар, па против велешани може да се подготвува за наредните два меча во коишто ќе игра со најблиските конкуренти.

 

Штип УГД Штип и Лирија ќе играат за втората позиција во Втората фаза-2 којашто одговара на шестата во конечното рангирање, а тоа е шанса за водечката Шкендија да направи уште поголема предност пред ривалите, се разбира доколку слави над Весна Пробиштип. Во дуелот на последните два тима, Дибра волеј на свој терен против Јанта волеј ќе игра за првиот сет сезонава.

 

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (4.коло)

Вардар – Универзитет во Тетово (сабота, 17.00)
ГОК Борец – Џио Струмица (сабота, 19.30)

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (4.коло)

Шкендија – Весна Пробиштип (сабота, 19.00)
Штип УГД Штип – Лирија (сабота, 19.00)
Дибра волеј – Јанта волеј (сабота, 20.00)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *