Финале: Универзитет во Тетово – Џио Струмица 2:3 (25:20, 16:25, 25:22, 19:25, 12:15), струмичани на прагот на осмата титула

 

Џио Струмица го совлада Универзитет во Тетово со 3-2 на гости во првиот натпревар од финалето во најсилната македонска одбојкарска конкуренција. Со оглед на предноста од 1-0 со којашто влезе во серијата за шампионскиот трон, најуспешната екипа во последната деценија кај нас е на чекор до осмиот првенствен, вкупно 16.трофеј сметајќи ги и оние во купот. За да ја завршат работата, одбојкарите на Џио Струмица треба да слават над ривалот во вторник на свој терен пред камерите на МРТ, а во спротивно, ќе има барем уште еден натпревар нареднот петок, повторно кај Универзитет.

 

Домашниот состав денеска подобро го отвори мечот и го доби првиот сет со 25:20, на што струмичани одговорија со доминантна игра во вториот за 25:16. Тетовци повторно дојдоа до предност со 25:22 во третиот, по што седумкратниот првак најпрво израмни со 25:19, а потоа во решавачкиот, петти сет беше посмирен и славеше со 15:12. Владо Милев беше најефикасен во победничкиот табор со 18 поени, Урдов придонесе со 17, а двоцифрени беа и Николов со 11 и Наков со 10. Капитенот Михаилов освои 6, а техничарот Ричлиев 4 поени. Јовица Симовски го предводеше Универзитет во Тетово со 34 поени, но тоа не беше довоно за триумф. Мирковиќ заработи 14, Клопчевски и Бериша по 8, Ѓорѓески 4, а Стојанов 1.

 

Џио Струмица води во финалето со 2-0 и доколку победи во наредното соочување во салата „Парк“ во вторник со пренос на МРТ-3 од 19 часот, тогаш ќе ја освои осмата шампионска титула, седма во последните десет години. За да му се израдува на првиот пехар во клупските витрини, Универзитет во Тетово веќе нема избор и треба да добие три натпревари по ред, а од досегашните седум сезонава, славеше само на два. Вкупниот биланс на двете екипи во минатите три сезони е 9-2 во полза на Џио Струмица.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *