Одбојкарките на Јанта волев Кисела вода ја имаат првата меч-топка во финалната серија од разигрувањерто во Првата лига. Во денешниот натпревар со Вардар жени 2019 на домашен терен во салата на ОУ „Невена Георгиева Дуња“, триумф за нив ќе значи двојна круна сезонава, односно освојување на шампионската титула за сезоната 2020/21. Црвено-црните влегоа во низата со почетна предност од 1-0 во победи, но беа поразени на двете претходни средби, така што доколку сакаат првпат во клупската историја да станат првенки, немаат право на кикс на мечот којшто ќе оди во пренос на МРТ-3 од 17 часот и 25 минути. Психолошката предност е на страна на екипата на Јанта волеј Кисела вода, но вардарки досега двапати славеа на пет соочувања со ривалките сезонава, па епилогот е тешко да се прогнозира. За домашниот состав останува шансата денеска да слави четвртипат по ред во меѓусебните пресметки, а доколку се случи спротивното, резулатот ќе биде нерешен, па за шампионскиот трон ќе решава мајсторка во четврток на теренот на Вардар жени 2019.
Во Втората фаза-2, Пелистер волеј го освои второто место, што значи дека на крајот на сезоната битолчанки ќе бидат осми во конечното рангирање, а со тоа извадија билет за настап во Првата лига во наредната сезона во случај да биде формиран понизок квалитативен ранг. Успехот над Македонија Макс во саботата го одби нападот на тимот на Јанта волеј Форца којшто се радуваше над Ускана со 3:1, но поради помал број бодови скопскиот состав заврши третопласиран. Дебитантот Фит фан волеј имаше одлична сезона, па максималниот биланс во ова друштво го заокружи против УГД Студент, а Виктори волеј го совлада Бами Кор и го потврди претпоследното место на табелата. Македонија Макс е четврта, УГД Студент петти, а Ускана шеста во Втората фаза-2 во натпреварувачката 2020/21. 20/21.
Прва лига (жени), Втора фаза-2, (14.коло)
Фит фан волеј – УГД Студент 3:0 (25:22, 25:21, 25:21)
Пелистер волеј – Македонија Макс 3:0 (25:19, 25:16, 25:21)
Јанта волеј Форца – Ускана 3:1 (25:10, 25:23, 24.26, 25:18)
Бами Кор – Виктори волеј 0:3 (21:25, 19:25, 22:25)