Силниот турнир „Чајка“ е последна проверка за македонските одбојкари пред ЕП 2021

Традиционалниот меморијален турнир „БранкоХаџииљоски – Чајка“ и годинава ќе биде најсериозниот подготвителен тест за македонските одбојкари пред настапот на Европското првенство. На 45-тото издание на одбојкарската манифестација, покрај Македонија, ќе учествуваат Црна Гора, Израел и Словачка.

 

„Турнирот којшто е во чест на мојот татко, во изминатите години беше респектабилен во регионот, а во последните три години со гордост можеме да се пофалиме дека е еден од најдобрите европски турнири во одбојка. Голема благодарност од АМС и до ОФМ бидејќи без нивна помош не би го достигнале ова ниво“, вели организаторот на меморијалот и потпретседател на ОФМ, Ивица Хаџииљоски – Чајка.

Црна Гора и Словачка се учесници на континенталниот самит, а Израел покажа квалитет во пресметките со нас во Европската сребрена лига, така што од утре до сабота во спортскиот центар „Борис Трајковски“, македонските одбојкари ќе имаат шанса да направат контрола на формата по долгиот подготвителен период и пријателските натпревари со бранителот на европското злато Србија.

„Репрезентацијата е во погон веќе 40 дена,играчите се во добра кондиција, се надеваме дека ќе не послужи здравје и дека ќе излеземе победници и со пандемијата и со спортските повреди. Ако е така, верувајте дека ќе ја израдуваме македонската јавност“, оптимисте првиот човек на ОФМ Петар Јовановски.

 

Македонската репрезентација ќе игра во вечерниот термин од 20 часот, утре против Црна Гора, в петок со Израел и в сабота со Словачка, а сите натпревари ќе бидат емитувани на МРТ-3 каналот. Тридневната програма ќе почнува во 17 часот со мечевите на коишто нема да настапат црвено-жолтите.

„Се надевам дека одбојкарската  репрезентација ќе продолжи да не претставувакако што го направи тоа пред две години, а и неодамна во Струмица. Упатувам искрена благодарност за одличната соработка со ОФМ, тука сме да ги поддржуваме во секој нивни настап на големите натпреварувања“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Поради општата здравствена состојба и потребата да се заштитат одбојкарите пред настапот на Европското првенство во групата во финскиот град Тампере, нема да биде дозволен влез на навивачи на трибините во арената „Борис Трајковски“.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *