Прв ден за македонските одбојкари во Тампере, лесен тренинг и прецизни мисли

Финска е асоцијација за најубавото и занајнепријатното спортско чувство за македонските одбојкари. Секој од нив вечноќе ја памети премиерата во елитното друштво, но и поразот во Љубљана по којшто не го добивме играчки заслуженото осминафинале на Европското првенство пред две години. Оттогаш досега нема големи промени, кај нас се истите играчи со нов селектор, кај нив Анти Силтала отстапи место за помладите примачи. Значи, актерите се исти, но филмот е друг. В среда во Тампере против Финците ќе играме за да гопромениме резултатот.

„Се надевам дека сега ќе биде обратно, дека ќепобедиме и ќе влеземе уште помотивирано во наредните натпревари“,вели македонскиот репрезентативец Владо Милев.

За желбите и за мотивите нема потреба да се разговара, а нијансите во играта се непресушен извор за одговори на прашањата кој, што, кога, како… Искуството вели дека најпрво битката се добива во сопствените мисли, нема потреба да создаваме дополнителен притисок, напротив, тоа треба да го прават Финците коишто пред себе имаат големи цели. Ние мислиме само на тоа како в среда да бидеме свои.

„Поминавме долг период заедно, уште одЕвропската лига во којшато не бевме во вистинско светло, но ова е друг терен,помотивирани сме и се е попинаку. Ова е Европско првенство и не смееме да дозволуваме лесни грешки затоа што противниците тоа ќе го казнат поефикасно. Мислам дека сме подоготвени и дека в среда натпреварот ќе заврши како што посакуваме, а тоа е победа за Македонија“, велиАлександар Љафтов


Македонските одбојкари денеска одржаа релаксирачки тренинг. За нив ниту Финска, ниту престижниот настан не сенепозната територија. Завршната подготовка главно ќе биде за да се расчленат најситните детали, затоа што совршено е јасно дека само една извлечена топка, пасивен блок за контра или проценка на насоката на противничкиот напад, може да биде клучнатаразлика.   

„Мислам дека сме во добра форма, дека ќе годадеме максимумот и дека ќе отвориме со победа над Финска“,е заклучокот на Милев. Ако не се верува, не треба ни да се игра. А Македонија игра вторпат на Европско! Преносите ќе бидат на Македонската телевизија, од први до осми, од сите 15 натпревари од групата „Це“ во Тампере. Во неа се и Холандија,Турција, Шпанија и Русија

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *