Загубивме од Холандија, почнува подготовката за Турција

По уште еден ден со тестови со контроверзни и нејасни резултати и објаснувања „можно позитивни“, како и нелогични изолации, македонските одбојкари загубија од Холандија со 3:0 (25:20, 25:18, 25:22) во вториот настап на Европското првенство во Тампере. Противникот беше подобар иако нивниот селектор Пјаца почна со резервистите од предходниот натпревар против Шпанија. Но и тие што беа на теренот имаа доминантен блок, се бранеа добро и секогаш беа чекор пред нас. Нападот на осмата европска селекција имаше 43 наспроти 34 поени, 14 блока, односно девет повеќе од нас, а ние имавме предност во асовите. Од три за Македонија, два беа на Филип Савовски, кој влезе во ротација на местото на повредениот Филип Маџунков и ја искористи шансата.

Сепак, Холанѓаните не дозволија да се понадеваме на сет, на почетокот на вториот првпат поведовме со 1:0, потоа со 16:15, но како и против Финците лесно дозволивме ривалот да прави серија, така што Македонија е на последното место во групата „Це“ по некомплетното второ коло. Имаме ист биланс (0-2) како и Шпанија, но полош поен-количмник.

Никола Ѓорѓиев освои 13 поени, Александар Љафтов11, а дебитантот на европските првенства Филип Савовски заврши со 6 (4 од напади 2 аса), исто како и Ристо Николов. Владо Млев заработи 2, а по еден Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Маџунков.

Наредниот наш натпревар во „Хакаметска“ арена е в недела од 13 часот против Турција која досега забележа два триумфа. Откако славеше над Русија во првото коло, четата на Озбеј се радуваше и против Шанија со 3:1 и се наоѓа на второто место зад Холандија. Финска е трета, Русија четврта.Денеска, со преноси на МРТ-3, Шпанија ќе игра со Финска, а Холандија со Русија. Програмата почнува нешто пред 13 часот.  

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *