Има за што да се игра, Македонија – Шпанија

Секој поен, секој сет и секоја победа на европските првенства има огромно значење за македонските одбојкари. Оттука, без разлика на поразите од Финска, од Холандија и од Турција, црвено-жолтите сакаат да го одиграат најкоректниот натпревар на 32-то Европско првенство во групата „Це“ во Тампере. Противник ќе им биде Шпанија која досега исто така загуби трипати од истите ривали, а по дуелот со нас, ќе ги одмери силите и со моќната Русија.

Почетните позиции на двата состава се идентични, Шпанците освоија 30, а загубија 8 поени повеќе од нас, така што во меѓусебната пресметка ќе влезат од петтата позиција. За да го избегнеме дното, ние треба да ја оствариме третата победа во деветтиот меч на континенталните самити, што би било реванш за поразот на Медитеранските игри во Тарагона пред три години.   

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *