Македонските одбојкари се одјавија од Тампере, почнува проектот ЕП 2023

Победите и поразите се рамноправен сегмент од секој натпревар. Токму затоа не мора да биде изненадување што македонските одбојкари загубија во сите настапи на 32-то Европско првенство во Тампере, напротив, знаејќи ги сите околности, може да се заклучи дека во „Хакаметска“ арена се остварија прогнозите. Црвено-жолтите не беа фаворити, но не беа ниту во Љубљана, па два пати се радуваа и без разлика што во одбојката најтешко се прават резултати против објективно посилни репрезентации, тогаш успеаја да слават и над европскиот вицепрвак Словенија. Сега ја немаше потребната енергија за таков впечаток, имамвме премногу осцилации во играта и понекогаш прерано се предававме што не е одлика на оваа генерација предводена од капитенот НиколаЃорѓиев.

„Длабоките анлизите претстојат, сега само можеме да зборуваме за првични импресии. Јасно е дека треба да почнеме да работиме на создавање услови за да можеме да бидеме натпреварувачки порамноправни на наредното европско првенство на коешто ќе ја имаме улогата на коорганизатор“,вели претседателот на ОФМ ПетарЈовановски.

Фактот што македонските одбојкари трет пат по ред ќе играат на континенталните собири не е само чест, туку и обврска. А тоа значи поразите да бидат корисни и од нив да се учи, а и да се подобрат сите околности од проектот„Тампере“. Македонија нема врвна одбојка, нема финансии да ги реазлизира сите цели, но има срце, волја и знаење да создаде и да спроведе стратегија. Во прв ред тоа би значело поддршка за младите играчи коишто добија шанса и на турнирот во Финска. Филип Савовски покажа дека има предиспозиции, освои 10 поени, беше нашиот најдобар сервер, но за врвен настап на голем собир потребна е постојана напорна работа на клупско ниво. Лука Костиќ беше помалкуна теренот, но го освои  првиот поен на европските шампионати, за разлика од Љубљана, беше во Тампере и тоа за него треба да биде поттик за да го искористи докажаниот бугарски одбојкарски методна работа, а со тоа да биде еден од нашите најголеми адути во иднина. Веројатново ротацијата ќе загубиме некои од повозрасните, а тие што ќе играат имаат обврска да пркосат на годините. Со еден збор, македонските одбојкари треба да останат свои. Потоа се ќе биде полесно остварливо.   

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *