Доминација на струмичани, интересна трка за влез во Втората фаза-1 кај одбојкарите

Актуелниот првак уште еднаш потврди дека е доминантен во македонската одбојка, а се поголема е мешаницата во трката за влез во Втората фаза-1 напролет. Струмица 47&72 славеше над ГОК Борец во три сета со само 37 загубени поени во пресметката на двете непоразени екипи до шестото коло во Првата лига (мажи), па отсега е осамена на врвот со пет победи. Велешани го задржаа второто место затоа што имаат бод повеќе од Шкендија која го претрпе вториот сезонски пораз, овој паткај Вардар со 3:1. За ланскиот полуфиналист ова беше прв триумф во натпреварувањето по почетните четири загубени меча, но со оглед на странските засилувања, црвено-црните може да ги направат особени интересни претстојните пет рунди од есенскиот дел затоа што сега и тие се кандидати за пласман меѓу првите шест. Во тоа друштво е и вицешампионот Универзитет во Тетово кој ја предводи низата од четири екипи со по три победи. Тетовци очекувано се радуваапротив Јанта волеј, Штип УГД го доби локалното соочување со Весна Пробиштип, истокако и Лирија против Македонија Џио. Тоа значи дека Универзитет во Тетово,Лирија, Штип УГД и Весна Пробиштип се на делба од 4-то до 7-то место, со победа помалку од ГОК Борец и од Шкендија, но со две победи предност пред Вардар кој исто така има амбиција да настапи во главниот натпреварувачки сегмент позимската пауза.

Кај дамите постои појасна нивелација на квалитетот кога се во прашање најдобрите четири екипи. Првенките од Јанта волеј Кисела вода на Вардар жени му го нанесоа шестиот пораз сезонава, па според билансот (5-1), се изедначија со Наковски волеј. Откако загуби во дербито во вторникот од Работнички Скопје, струмичкиот тим е на второто место поради поголем број бодови од Јанта волеј КВ, а во елитниот квартет е и Струмица жени со ефект4-2. Во шестото коло на Првата лига (жени), полуфиналистот од минатотопрвенство немаше проблеми со Пелистер волеј, а четири сета одигра Универзитетво Тетово и Фит фан волеј. Скопскиот состав беше поуспешен и ја напушти последната позиција искачувајќи се на шестото место на табелата.

Прва лига (мажи), 6.коло

Струмица 47&72 – ГОК Борец                       3:0 (25:10, 25:14, 25:13)

Вардар – Шкендија                                                       3:1 (25:17, 22:25, 25:20, 25:23)         

Штип УГД – Весна Пробиштип                       3:0 (27:25, 25:18, 25:22)

Лирија – Македонија Џио                                3:0 (25:14, 25:19, 25:11)

Универзитет во Тетово – Јанта волеј          3:0 (25:13, 25:22, 25:22)

***Слободнае екипата на Дибра волеј

Прва лига (жени), 6.коло

Работнички Скопје – Наковски волеј                3:1 (25:13, 22:25, 25:15, 25:19)   

Вардар жени – Јанта волеј КВ                           1:3 (27:25, 17:25, 17:25, 18:25)      

Струмица жени – Пелистер волеј                    3:0 (25:14, 25:16, 25:17)  

Универзитет во Тетово – Фит фан волеј          1:3 (24:26, 23:25, 25:17, 21:25)  

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *