Велес, Скопје и Струмица се одбојкарските епицентри во седмото првенствено коло

Со триумфи над тетовските ривали, актуелниот македонски одбојкарски првак ја покажа амбицијата и сезонава да ги задржи двете титули. Оттука, тешко е да се поверува дека екипата на Струмица 47&72 може да има проблеми на гостувањето кај Весна Пробиштип иако зелено-црните досега остварија три победи на пет натпревари, а тоа значи дека се во конкуренција за пласман во Втората фаза-1. Во реална трка се седум, па и осум тимови, со напомена дека сеуште нема јунак којшто ќе може да го оспори водечкото место на струмичани. ГОК Борец е најблиску до шампионот со биланс 4-1, а доколку слави над Универзитетво Тетово, не само што ќе остане зад лидерот, туку и ќе направи предност од победа над слободната Шкендија, како и две во споредба со билансот на утрешниот противник. Во седмото коло Штип УГД е фаворит на теренот на Македонија Џио,исто како и Лирија против Дибра волеј, односно Вардар кај Јанта волеј, така што во случај да нема изненадувања, црвено-црните ќе ги достигнат двете победи на саботниот ривал, а штипјани и Лирија ќе имаат по четири, што ќе значи можност да напредуваат на табелата.

Во Првата лига (жени), во оваа првенствена сесија најинтересни се натпреварите во водечкиот квартет. Локалното дерби меѓу Наковскиволеј и Струмица жени е пресметка на втората и на четвртата екипа, како една од можните варијанти дури и за полуфинале во разигрувањето без оглед што се уште е рано да се размислува во таа насока. Струмица жени е на 4-2, додека, пак, Наковски има ефект 5-1 откако загуби од Работнички Скопје, кој е единствен со максималнишест победи. Неговата серија ќе се обидат да ја запрат првенките од Јанта волеј Кисела вода во понеделничката средба пред камерите на МРТ-3 од 19 часот и 55минути. Во тоа соочување на скопските ривалки, Јанта волеј КВ ќе сервира со биланс5-1, но и со бод помалку од Наковски волеј, па затоа е третопласиран пред утрешните дуели, во коишто во Пелистер волеј ќе го пречека Универзитет воТетово со надеж за трета победа, а Вардар жени против Фит фан волеј ќе игра за прварадост во натпреварувачката 2021/22.

Стандардниот одбојкарски термин ги содржи и натпреварите од петтото коло во второлигашката конкуренција кај дамите.  Младост УГД и Македонија Макс ќе ги одмератсилите за четврта победа, со три досега се и Вардар ЕМ и Ускана, па и нивниот меѓусебен меч ќе има идентична тежина. Јанта волеј Форца има два триумфа и е фаворит против Виктори волеј, кој нема ниту една, а сигурно е дека утре премиерната ќеја оствари поуспешниот од соочувањето на дебитантите ТЕ волеј и Куманово.

Прва лига (мажи), 7.коло

Весна Пробиштип – Струмица 47&72          (сабота, 18.00)

ГОК Борец – Универзитет во Тетово           (сабота, 20.00)            

Македонија Џио – Штип УГД                          (сабота, 14.00)

Дибра волеј – Лирија                                       (сабота, 19.00)

Јанта волеј – Вардар                                         (сабота, 19.30) ***Слободна е екипата на Шкендија

Прва лига (жени), 7.коло

Наковски волеј – Струмица жени                      (сабота, 18.00)          

Пелистер волеј – Универзитет во Тетово       (сабота, 13.00)  

Фит фан волеј – Вардар жени                           (сабота, 14.30)

Јанта волеј КВ – Работнички Скопје                  (понеделник, 20.00, МРТ-3)      

Втора лига (жени), 5.коло

Младост УГД – Македонија Макс                       (сабота, 16.00)

Вардар ЕМ – Ускана                                              (сабота, 15.00)

Јанта волеј Форца – Виктори волеј                   (сабота, 17.30)

ТЕ волеј – Куманово                                              (сабота, 18.00)

**Слободна е екипата на Бами Кор

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *