Јанта волеј КВ – Работнички Скопје на МРТ од 19 часот и 55 минути

Одбојкарките на Работнички Скопје денеска ќе го бранат максималниот биланс од шест победи во Првата лига на гостувањето кај актуелните првенки од Јанта волеј Кисела вода. Скопскиот дуел од 19 часот и 55 минути пред камерите на МРТ-3 ќе биде еден од двата натпревара на водечката четворка во најквалитетната македонска конкуренција во рамки на седмото коло. Во првиот Наковски волеј годоби градскиот меч со Струмица жени со 3:0 и се врати на триумфален пат по поразот од водечката екипа Работнички Скопје минатата недела. Успешен настап имаше и Фит фан волеј против ланскиот финалист Вардар жени, како и Универзитетво Тетово на теренот на Пелистер волеј.

Во второлигашкото друштво кај дамите, Македонија Макс и Вардар ЕМ и натаму се без грешка откако во петтото коло струмичанки славеа на гости кај Младост УГД во три, а скопјанки на свој терен над Ускана вочетири сета. Јанта волеј Форца се радуваше над Виктори волеј во неизвесен натпревар кој што траеше пет сета, а во соочувањето на дебитантите, ТЕ волеј беше поуспешен од Куманово со 3:0

Кај одбојкарите, Струмица 47&72 немаше проблеми кај Весна Пробиштипи остана единствена екипа без пораз. Шампионот има 6-0, а зад него е ГОК Борец кој триумфираше над Универзитет во Тетово и значајна победа во битката запласман во Втората фаза-1 напролет оствари Вардар против Јанта волеј. Од тој аспект, иако очекувани, значајни се успешните настапи на Штип УГД кај Македонија Џио и на Лирија кај Дибра волеј.

Прва лига (мажи), 7.коло

Весна Пробиштип – Струмица 47&72          0:3 (16:25, 17:25, 17:25)

ГОК Борец – Универзитет во Тетово           3:2 (22:25, 17:25, 28:26, 25:22, 15:11)

Македонија Џио – Штип УГД                          0:3 (14:25, 15:25, 11:25)

Дибра волеј – Лирија                                      0:3 (13:25, 18:25, 15:25)

Јанта волеј – Вардар                                       0:3 (14:25, 19.25, 17:25)

***Слободнабеше екипата на Шкендија

Прва лига (жени), 7.коло

Наковски волеј – Струмица жени                   3:0 (25:23, 25:22, 25:19)       

Пелистер волеј – Универзитет во Тетово     2:3 (25:15, 23:25, 18:25, 25:23, 12:15)  

Фит фан волеј – Вардар жени                        3:1 (25:15, 23:25, 25:19, 25:17)

Јанта волеј КВ – Работнички Скопје                     (денеска, 20.00, МРТ-3)  

   

Втора лига (жени), 5.коло

Младост УГД – Македонија Макс                       0:3 (17:25, 15.25, 17.25)

Вардар ЕМ – Ускана                                              3:1 (25:20, 25:22, 15:25, 25:17)

Јанта волеј Форца – Виктори волеј                   3:2 (21:25, 22:25, 25:23, 25:21, 15:8)

ТЕ волеј – Куманово                                             3:0 (25:11, 25:7, 25:20)

**Слободна беше екипата на Бами Кор

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *