Одбојкарите ги решаваат дилемите за втората фаза, кај дамите повторно соочување во водечката четворка

Се заострува трката за пласман во Втората фаза-1, па од тој аспект значајни се речиси сите натпревари од осмото коло во Првата машка одбојкарска лига. Актуелниот првак Струмица 47&72 е апсолутен фаворит во градското дерби со Македонија Џио за да го задржи максималниот ефект и да се израдува на седмата сезонска победа, а за шестата ГОК Борец ќе истрча на теренот на Вардар, кој по серијата порази забележа две победи и се уште сенадева дека може да биде во првите шест по есенскиот дел. Оттука, тоа е изборотна МРТ за пренос од оваа рунда во шампионатот, во којшто Универзитет во Тетово и Весна Пробиштип ќе се надмудруваат за четвртиот триумф, Штип УГД против Дибраволеј го планира петтиот, а со иста цел Шкендија ќе сервира против Јанта волеј. Лирија одмора, а тоа значи дека барем засега ќе остане на четири победи, но сепак има голема шанса да игра во елитниот сегмент во натпреварувачката 2021/22.

Кај дамите, досегашните резултати покажаа дека има стриктна поделба на квалитетот на екипите коишто конкурираат за позиции во Втората фаза-1. Работнички Скопје ќе ја пречека Струмица жени во пресметката на првиот и на четвртопласираниот тим во најквалитетната конкуренција, со забелешка дека скопскиот тим има максимални седум победи, а ланските полуфиналистки ќе се обидат да изненадат и да ја заработат петтата. Шампионките од Јанта волеј Кисела вода ќе гостуваат кај Фит фан волеј со желба да го остварат шестиот успех и да останат чекор зад Наковски волеј, кој вчера ја заврши работата во осмото коло со триумф над Универзитет во Тетово во четири сета. Наковски сега има биланс 7-1 и го презеде првото место поради бод повеќе од Работнички Скопјекој има меч помалку. Во втората половина од табелата Пелистер волеј ќе го пречека вицепрвакот Вардар настапувајќи од фаворитска улога затоа што досега забележа две, а скопската екипа ниту една победа.

Во Втората лига, Македонија Макс и Вардар ЕМ засега не знаат за неуспех, чекорат сигурно и се единствени со максимално постигнување. За петтата победа сезонава, вардарки ќе гостуваат кај дебитантот Куманово, кој не славеше ниту еднаш, а струмичката екипа ќе ја пречека Јантаволеј Форца. Бами Кор ќе го пречека Младост УГД и ќе се обиде да се изедначи сопротивничките со по три триумфи, а тоа важи и за Виктори волеј во пресметката со ТЕ волеј, со напомена дека во тој случај двата тима би имале една победа по шестото коло.

Прва лига (мажи), 8.коло

Струмица 47&72 – Македонија Џио               (сабота, 13.00)

Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип  (сабота, 18.00)                   

Штип УГД – Дибра волеј                                     (сабота, 14.00)

Шкендија – Јанта волеј                                      (сабота, 18.00)

Вардар – ГОК Борец                                          (понеделник, 18.00, пренос МРТ-3)

***Слободнае екипата на Лирија

Прва лига (жени), 8.коло

Работнички Скопје – Струмица жени                     (денеска, 20.00)            

Наковски волеј – Универзитет во Тетово        3:1 (25:21, 23:25, 25:14, 25:22)  

Фит фан волеј – Јанта волеј Кисела вода             (сабота, 14.30)

Пелистер волеј – Вардар жени                                (сабота, 15.00)     

Втора лига (жени), 6.коло

Македонија Макс – Јанта волеј Форца             (сабота, 14.00)

Куманово – Вардар ЕМ                                         (сабота, 11.30)

Бами Кор – Младост                                             (сабота, 14.00)

Виктори волеј – ТЕ волеј                                      (сабота, 16.00)

**Слободна е екипата на Ускана

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *