Црвено-црните се без право на грешка, Вардар – ГОК Борец на МРТ-3 од 17 часот и 55 минути

Осмото коло во најсилната македонска машка одбојкарска конкуренција имаше предвидлив тек. На четири натпревари резултатот беше 3:0, а славеа домаќините, а тоа значи дека актуелниот првак, Струмица 47&72, го задржа максималниот ефекти сега има седум победи. ГОК Борец на второто место заработи пет пред денешното гостување кај Вардар, кој по почетните четири порази забележа два триумфа и се надева на пласман меѓу првите шест, а со тоа и во Втората фаза-1 напролет. Од велешани и од црвено-црните се очекува надигрување и привлечна одбојкарска претстава којшто љубителите на спортот ќе можат да ја проследат и на МРТ-3 каналот од 17 часот и 55 минути. Доколку вардарци ја остварат целта, ќе ја направат поинтересна трката за влез во елитниот сегмент во кој што учествува и Универзитет во Тетово со четири успеси, последниот во саботниот директен дуелсо Весна Пробиштип која е на биланс 3-4. Покрај шесто пласираниот Универзитет во Тетово, во посакуваното друштво засега се и Штип УГД, Шкендија и Лирија со по пет триумфи. Иако одмораше во оваа првенствена рунда, Лирија се израдува на петтата победа сезонава затоа што Извршниот одбор на ОФМ донесе одлука да го регистрира спорниот натпревар со ГОК Борец со постигнатиот резултат, однсоно со3:2 за тимот од Жеровјане. Тоа значи дека велешани ќе влезат во денешната пресметка со Вардар од второто место затоа што имаат подобар сет-количник од Штип УГД, но промената на позициите во оваа конкуренција може да биде честа сооглед дека до крајот на есенскиот дел ќе има соочувања на директните ривали за подобро рангирање.

Очекуван беше расплетот и на четирите средби од осмото коло во Првата лига кај одбојкарките. Работнички Скопје ја совлада Струмица жени во четири сета во пресметката на ланските полуфиналистки, а сотоа остана на чело на табелата со максимални осум победи. Наковски волеј има седум откако славеше над Универзитет во Тетово, а шампионките од Јанта волеј Кисела вода се трети со ефект 6-2 по триумфот кај Фит фан волеј. Во Битола Пелистер волеј се радуваше против вицепрвакот Вардар жени и сега е на една победа до четврто пласираниот состав на Струмица жени. На прв поглед битката за местово водечкиот квартет и за настап во Втората фаза-1 е отворена иако струмичанкија носат фаворитската улога.

Во Втората лига (жени), Вардар ЕМ е осамена наврвот затоа што ја заврши работата на гости кај Куманово за биланс 5-0, аМакедонија Макс првпат загуби сезонава, во пресметката со Јанта волеј Форца во трисета. Младост УГД ја доби резултатската нишалка со Бами Кор во Тетово, па сегаима четири победи идентично како Македонија Макс, додека, пак, ТЕ волеј сераудваше вторпат по ред, сега на теренот на Виктори волеј во неизвесен дуел сопет сета.

Прва лига (мажи), 8.коло

Струмица 47&72 – Македонија Џио                 3:0 (25:9, 25:13, 25:14)

Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип   3:0 (25:21, 25:22, 25:21)             

Штип УГД – Дибра волеј                                      3:0 (25:19, 25:22, 25:21)

Шкендија – Јанта волеј                                       3:0 (25:15, 25:20, 25:15)

Вардар – ГОК Борец                                           (денеска, 18.00, пренос МРТ-3)

***Слободнабеше екипата на Лирија

Прва лига (жени), 8.коло

Работнички Скопје – Струмица жени                     3:1 (26:28, 25:21, 25:10, 25:18)

Наковски волеј – Универзитет во Тетово              3:1 (25:21, 23:25, 25:14, 25:22)  

Фит фан волеј – Јанта волеј Кисела вода             0:3 (21:25, 18:25, 13:25)

Пелистер волеј – Вардар жени                                3:0 (25:21, 25:14, 25:19)    

Втора лига (жени), 6.коло

Македонија Макс – Јанта волеј Форца         0:3 (21:25, 18:25, 13:25)

Куманово – Вардар ЕМ                                     0:3 (6:25, 17:25, 7:25)

Бами Кор – Младост                                         2:3 (19:25, 17:25, 25:15, 25:17, 11:15)

Виктори волеј – ТЕ волеј                                  2:3 (23:25, 28:26, 19:25, 25:22, 12:15)

**Слободна беше екипата на Ускана

 

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *