Наковски волеј – Јанта волеј Кисела вода на МРТ-3 од 17 часот и 55 минути

Во десеттото коло од Првата женска одбојкарска лига сите погледи се насочени кон Струмица каде што денеска Наковски волеј ќе го пречека тимот на Јанта волеј Кисела вода. На теренот кај ривалките, актуелните шампионки ќе истрчаат со шест победи на осум настапи досега, а Наковски е втор со биланс 7-1. Единствениот пораз го прерпеод водечката екипа Работнички Скопје којашто утре е фаворит за деветтиот сезонски триумф во соочувањето со Универзитет во Тетово. Во водечкиот квартет и натаму е Струмица жени по лесниот натпревар со ланскиот финалист Вардар жени, со напомена дека домашниот тим сега има пет победи и се доближи до третопласираниот состав на Јанта волеј Кисела вода. Пелистер волеј и натаму е петти без огледшто загуби на свој терен од Фит фан волеј со 3:0. Двата тима имаат по тритриумфи, но битолчанки досега заработија повеќе бодови

Во второлигашката конкуренција кај дамите, Македонија Макс и вардар ЕМ ја продолжија успешната низа и во седмото коло. Струмичанки серадуваа кај ТЕ волеј, а скопјанки дома над Виктори волеј, па водечките екипи имаатист ефект и во поглед на победите, но и според бодовите. Тоа важи и за Ускана иза Младост УГД, со тоа што штипјанки беа слободни викендов, а одбојкарките од Кичево очекувано ја запишаа четвртата сезонска победа во пресметката со Куманово. Резултатски највозбудливо беше на дуелот меѓу Јанта волеј Форца и Бами Кор затоа што траеше пет сета, а тетовки направија комплетен пресврт откако домашната екипа поведе со 2:0.    

Трите досегашни натпревари од десеттото коло во најсилната машка одбојкарска конкуренција завршија со очекувани резултати. ГОК Борец славеше во три сета кај Јанта волеј и е второпласиран зад водечката Струмица 47&72 којашто има максимални седум победи. Со пет е Универзитет во Тетово по триумфот над Дибра волеј, исто така со 3:0, а Вардар е на половичен биланс 4-4 со оглед дека успешната серија ја продолжи ипротив Македонија Џио. Актуелниот првак и сегашен лидер ќе се сретне со Лирија во некој друг термин, а поради турнирот во организација на Шкендија, одложен бешеи нејзиниот меч против Весна Пробиштип.

Прва лига (мажи), 10.коло

Струмица 47&72 – Лирија                               (одложен)

Шкендија – Весна Пробиштип                        (одложен)              

Универзитет во Тетово – Дибра волеј            3:0 (25:13, 25:21, 25:14)

Вардар – Македонија Џио                              3:0 (25:13, 25:10, 25:7)

Јанта волеј – ГОК Борец                                 0:3 (20:25, 17:25, 14:25)

***Слободнае екипата на Штип УГД

Прва лига (жени), 10.коло

Струмица жени – Вардар жени                             3:0 (25:11, 25:17, 25:13)

Пелистер волеј – Фит фан волеј                         0:3 (15:25, 21:25, 20:25)

Наковски волеј – Јанта волеј Кисела вода           (денеска, 18.00, МРТ-3)

Работнички Скопје – Универзитет во Тетово       (утре,17.00)   

Втора лига (жени), 7.коло

ТЕ волеј – Македонија Макс                         0:3 (21.25, 17.25, 15:25)

Вардар ЕМ – Виктори волеј                           3:0 (25:20, 25:16, 25:13)

Ускана – Куманово                                        3:0 (25:15, 25:11, 25:21)

Јанта волеј Форца – Бами Кор                      2:3 (25:19, 25:21, 23:25, 21:25, 11:15)

**Слободна беше екипата на Младост УГД

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *