Четири екипи имаат по пет победи досега, а еднаод нив нема да игра во Втората фаза-1 напреолет. Струмица со максимален ефект енеприкосновена, а ГОК Борец и Шкендија со по шест успеси би требало да сесигурни, иако нивниот меѓусебен меч во последното есенско коло, како и другитерезултати, можат да направат мешаница во којашто се уште во игра се многуопции. Извесно е дека актуелниот првак, Струмица47&72, е недопирлив на врвот, а исто со претходните, последниоттриумф беше рутински, на гости кај Штип УГД. Без оглед што одмораше, ГОК Борецостана втор, но доколку вечерва Универзитет во Тетово ја совлада Лирија волокалниот дуел, тогаш ќе има промена на позициите. Шкендија е трета, но има мечпомалку што значи дека е чекор пред другите во обидот да биде зад струмичкитеодбојкари, а шестата сезонска победа на теренот на Македонија Џио воопшто небеше под знак прашање. Вардар кој е во налет и со серија од пет триумфи, последниотнад Дибра волеј, исто така е сериозен кандидат за место во елитниот сегментнапролет, а во него ќе нема место за Весна Пробиштип макар што зелено-црните во11-тото коло славеа над Јанта волеј во три сета.
Кај дамите, според сите параметри, нема дилеми околутоа кои екипи ќе играат во Втората фаза-1, а најважната победа минатиот викендја остварија одбојкарките на Струмица жени против Јанта волеј Кисела вода натуѓ терен, по што двата тима ги заменија местата. Струмичанки се трети, а шампионкитечетврти, додека, пак, водечкiтего одржуваат чекорот. Работнички Скопје славеше кај Пелистер волеј за биланс11-0, а Наковски волеј беше подобар од Фит фан волеј за 10-1. Универзитет воТетово ја искористи слабата форма на Вардар жени, па ја забележа третатасезонска победа со што се изедначи со Пелистер волеј и со Фит фан волеј.
Во Втората лига, Македонија Макс го добидербито на непоразените со Вардар ЕМ во пет сета и сега самостојно го држиврвот во оваа конкуренција. Следуваат Ускана и Младост УГД откако кичевки серадуваа кај Виктори волеј, а штипјанки над Јанта волеј Форца. Бами Кор епеттопласиран со победа негатива по триумфот над ТЕ Волеј. Покрај Викториволеј, без победа е и Куманово, кој беше слободен во оваа рунда.
Прва лига (мажи), 11.коло
Штип УГД – Струмица 47&72 0:3 (15:25, 14:25, 11:25)
Македонија Џио – Шкендија 0:3 (12:25, 12:25, 13:25)
Весна Пробиштип – Јанта волеј 3:0 (25:16, 25:20, 25:23)
Вардар – Дибра волеј 3:0 (25:15, 25:14, 25:14)
Лирија– Универзитет во Тетово (денеска, 19.30)
***Слободна беше екипата на ГОК Борец
Пелистер волеј – Работнички Скопје 0:3 (11:25, 15:25, 17:25)
Фит фан волеј – Наковски волеј 0:3 (22:25, 19:25, 16:25)
Јанта волеј Кисела вода – Струмица жени 0:3 (21:25, 19:25, 23:25)
Вардар жени – Универзитет во Тетово 1:3 (25:18, 16:25, 17:25, 15:25)
Втора лига (жени), 8.коло
Македонија Макс – Вардар ЕМ 3:2 (25:21, 17:25, 22:25, 25:23, 15:12)
Виктори волеј – Ускана 0:3 (15:25, 14:25, 13:25)
Бами Кор – Те волеј 3:0 (25:21, 25:23, 25:23)
Младост УГД – Јанта волеј Форца 3:2 (25:19, 17:25, 22:25, 25:11, 15:5)
**Слободна беше екипата на Куманово