Нов систем, а стари желби за нас, конечно да ја освоиме Европската сребрена лига

Романија, Албанија и Босна и Херцеговина ќебидат противници на македонските одбојкари во Европската сребрена лига 2022. Заразлика од претходната сезона, натпреварувачкиот систе мќе биде лигашки, штозначи дека во нашата група „Бе“ ќе има шест кола, односно секој ќе игра сосекого дома и на гости. Потоа, најдобрата репрезентација ќе обезбеди настап назавршниот турнир во Унгарија, а шанса ќе има и за второпласираната, но во зависностод расплетот во групата „А“. Во неа ќе има само три репрезентации, а покрај организаторотна завршницата Унгарија, во оваа конкуренција се Финска и Азербејџан.

По четири сребрени медали во досегашните седумнастапи, македонската селекција ќе го почне осмиот на свој терен против Босна иХерцеговина. Во второто коло ќе одиме во Романија, потоа ќе се сретнеме со Албанијадома и кај нив, па ќе ги пречекаме Романците, а во последното коло ќе истрчамекај босанскиот тим. Ваква беше одлуката на ЦЕВ по пријавите за учество од националнитефедерации, но и врз база на рангирањето на репрезентациите според последнитерезултати и особено на годинашните европски првенства. Оттука, во Европскатасребрена лига 2022, подобро реноме од нас има само Финска од којашто ги губевмедвата премиерни меча на континентлните шампионати во 2019-та и минатиотсептември во Тампере. Негативен биланс имаме и со Романија против која последенпат игравме во квалификациите за Европското првенство во 2017-та, но пред тоатие триумфираа над нас исто така во квалификациски и двапати во пријателскисредби. Со Албанија и со Босна и Херцеговина имаме позитивен ефект, како и соУнгарија и со Азербејџан од другата група.

ЦЕВ Европска сребрена лига 2022

Група „Бе“

1.коло (25 мај 2022)

МАКЕДОНИЈА – Босна и Херцеговина

Албанија – Романија

2.коло (28/29 мај 2022)

Романија – МАКЕДОНИЈА

Босна и Херцеговина – Албанија

3.коло (1 јуни 2022)

МАКЕДОНИЈА – Албанија

Романија –  Босна и Херцеговина

4.коло (4/5 јуни 2022)

Босна и Херцеговина – Романија

Албанија – МАКЕДОНИЈА

5.коло (8.јуни 2022)

МАКЕДОНИЈА – Романија

Албанија – Босна и Херцеговина

6.коло (11/12 јуни 2022)

Босна и Херцеговина – МАКЕДОНИЈА

Романија – Албанија  

***ЗАВРШЕН ТУРНИР – УНГАРИЈА (18 и 19 јуни 2022)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *