Ново коло кај дамите, заостанат натпревар кај одбојкарите

До крајот на есенскиот дел од сезоната вомакедонската одбојка не останува уште многу, а работните денови неделава серезервирани за дамите во Првата лига. Двојките од 12-тото коло носат пресметкина екипите од горната против оние од втората половина на табелата, што не морада значи дека резултатите се однапред познати, но секако е јасна распределбатана улогите.

Водечкиот состав на Работнички Скопје утре ќего пречека тимот на Вардар жени во реприза на ланското полуфинале. Сезонава црвено-црнитене се на препознатливото ниво, немаат ниту една победа, па Работнички Скопје еапсолутен фаворит за да го задржи максималниот биланс. Зад него е Наковскиволеј, кој досега загуби само еден меч, токму од лидерките, а за 11-тиот триумфќе игра со Пелистер волеј. Битолчанки се најдобри во триото со три победи, атоа им ја носи петтата позиција пред оваа првенствена рунда. Фит фан волеј иУниверзитет во Тетово, исто така, имаат по три успеси, што значи дека вонатпреварите со нив Струмица жени и Јанта волеј Кисела вода ја планираат осматапобеда.

Покрај четирите средби од најсилната женскаконкуренција, денеска ќе има меч и кај одбојкарите, заостанат од 10-тото коломеѓу Шкендија и Весна Пробиштип. За тетовци тоа е шанса да ја завршат работатаза пласман во Втората фаза-1, односно меѓу шесте најдобри. Теоретски таму можеда се најдат и пробиштипјани, но треба да победат вечерва, а потоа и вопоследното коло против Вардар на свој терен.

Прва лига (мажи), 10.коло

Шкендија– Весна Пробиштип                         (денеска, 18.00)

Прва лига (жени), 12.коло

Наковски волеј – Пелистер волеј                                        (денеска, 17.00)

Струмица жени – Фит фан волеј                                         (денеска, 18.00)

Универзитет во Тетово – Јанта волеј Кисела вода         (денеска, 19.00)

Работнички Скопје  – Вардар жени                                    (утре 17.00)   

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *