Лирија во Втората фаза-1, Работнички Скопје неприкосновен кај дамите

Лирија обезбеди место во Втората фаза-1 во најсилната машка одбојкарска конкуренција кај нас откако го совлада Штип УГД во три сета во директната пресметка за влез меѓу првите шест на табелата. Тимот од Жеровјане славеше шести пат сезонава, а тоа беше доволно за да го остави гостинскиот соатав зад себе. Есенскиот дел без грешка го мина актуелниот првак Струмица 47&72, сополесен тренинг во саботните натпревари со 3:0 проти Дибра волеј, а втора еШкендија која заврши со девет триумфи, минатиот на жешкиот терен во Велес противГОК Борец, и тоа со пресврт откако противникот ги доби првите два сета. Навлезот во наредниот натпреварувачки сегмент велешани ќе бидат четврти затоа штоимаат шест успеси, еден помалку од Универзитет во Тетово кој имаше лесна задачакај Македонија Џио. Вардар фати приклучок по лошиот почеток на сезоната и сошест победи во низа, меѓи коишто и онаа кај Весна Пробиштип, исто така, добишанса да игра за влез во полуфиналето. Во Втората фаза-1 најдобрите шест екипи ќе минат десет кола според принципот „секој со секого“.

Дамите играат поинаку, па во Првата лига календарската година заврши со натпреварите од 13-тото коло. Работнички Скопје славеше водербито со Наковски волеј во пет сета и со максимален биланс 13-0 ќе презими наводечката позиција. Наковски има 11 победи, а Струмица жени и Јанта волеј Кисела вода по девет, така што е јасно кои четири екипи ќе се пласираат во наредниот круг, а потоа и во разигрувањето за титулата. Во вториот дел од табелата најдобар е Фит фан волеј со четири победи, една повеќе во однос на саботниот противник Универзитет во Тетово и во споредба со Пелистер волеј. Вардар жени е на последното место.

Во Втората лига, Македонија Макс го претрпепрвиот пораз по низата од седум победи, а откако загубија во пет сета од Ускана,струмичките одбојкарки го препуштија лидерското столче на Вардар ЕМ, којоствари 3:0 против Бами Кор. Младост УГД е трет по деветтото коло со шест победи,овој пат над ТЕ волеј, а Ускана е четврта со ефект 6-2. За одбележување е идека Виктори волеј го забележа првиот сезонски успех совладувајќи го дебитантот Куманово на негов терен со 3:0

Прва лига (мажи), 9.коло

Лирија – Штип УГД                                            3:0 (25:23, 25:21, 25:15)

Македонија Џио – Универзитет во Тетово    0:3 (15:25, 13:25, 5:25)                  

Весна Пробиштип – Вардар                             0:3 (14:25, 14:25, 15:25)

Струмица 47&72 – Дибра волеј                      3:0 (25:12, 25:11, 25:14)

ГОК Борец – Шкендија                                       2:3 (25:20, 25:16, 21:25, 22:25, 13:15)

***Слободнабеше екипата на Јанта волеј

Прва лига (жени), 13.коло

Наковски волеј – Работнички Скопје             2:3 (25:23, 16:25, 13:25, 25:23, 11:15)

Јанта волеј Кисела вода – Вардар жени       3:0 (25:13, 25:14, 25:18)

Фит фан волеј – Универзитет во Тетово        3:1 (9:25, 25:17, 25:22, 25:21)

Пелистер волеј – Струмица жени                 1:3 (17:25, 14:25, 26:24, 22:25)

Втора лига (жени), 9.коло

Вардар ЕМ – Бами Кор                                    3:0 (25:20, 25:23, 25:19)  

Ускана – Македонија Макс                                3:2 (20:25, 25:13, 23:25, 25:16, 18:16)  

ТЕ волеј – Младост УГД                                    1:3 (23:25, 25:19, 16:25, 23:25)

Куманово – Виктори волеј                               0:3 (14:25, 13:25, 8:25)

**Слободна беше екипата на Јанта волеј Форца

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *