По зимската пауза, утре продолжуваат натпреварите во сениорските македонски одбојкарски конкуренции. Откако го завршија воведниот дел, најдобрите шест екипи во Првата лига (мажи) ќе јапочнат Втората фаза-1 во којашто ќе одиграат по шест меча, а по нив водечкиот квартет ќе ги формира полуфиналните двојки во разигрувањето. Во првото коло, актуелниот шампион, Струмица 47&72, која досега нема пораз, ќе ја пречека Лирија, а второпласираната Шкендија ќе сервира против Вардар пред камерите на МРТ, в понеделник од 20 часот. Третопласираниот тим на Универзитет во Тетово ќе ги одмери силите со ГОК Борец, кој во есенскиот сегмент заврши четврти. Во Вората фаза-2 ќе се надмудруваат пет екипи, за нив се предвидени по осум натпревари според принципот „секој со секого, дома и нагости“, по што ќе биде одреден нивниот конечен пласман во сезоната 2021/22.
Кај дамите, во Првата лига останува уште последното, 14-тото коло од премиерната етапа од шампионатот. Веќе се е јасно во поглед на тоа кои четири екипи ќе продолжат во Втората фаза-1, а тие утре ќе сервираат една против друга. Работнички Скопје ќе го брани максималниот ефект против првенките од Јанта волеј Кисела вода, а во локалното дерби третопласираниот состав на Струмица жени ќе игра со Наковски волеј. Вардар жени ќе му биде домаќин на Фит фан волеј, а Универзитет во Тетово ќе истрча во своја сала против Пелистер волеј. Без оглед на резултатите, овие четири тима ќе продолжат во Втората фаза-2 и ќе одиграат вкупно шест кола по што ќе биде познато кој од нив ќе обезбеди бараж, а кој ќе се пресели во понизок ранг наредната сезона.
Во Втората лига (жени), за утре се закажани четири пресметки од 10-тото коло. Водечкиот Вардар ЕМ ќе се сретне со Младост УГД, второпласираната Македонија Макс ќе оди кај Куманово, Ускана, која е трета, ќе се надмудрува со Бами Кор, а ТЕ волеј ќе гостува кај Јанта волеј Форца. По вкупно 16 натпревари, најуспешните четири екипи од второлигашката конкуренција ќе продолжат во Втората фаза-1, првопласираната ќе обезбеди директен влез во Првата лига, а втората ќе игра бараж за влез во елитното друштво.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (1.коло)
Струмица – Лирија (сабота, 16.00)
Универзитет во Тетово – ГОК Борец (сабота, 20.00)
Шкендија – Вардар (понеделник, 20.00, пренос МРТ-3)
ТАБЕЛА: Струмица (10-0), Шкендија (8-2), Универзитет во Тетово (7-3), ГОК Борец (6-4), Вардар (6-4), Лирија (6-4)
ТАБЕЛА:Струмица (10-0), Шкендија (8-2), Универзитет во Тетово (7-3), ГОК Борец (6-4),Вардар (6-4), Лирија (6-4)
Прва лига (мажи), Втора фаза-2 (1.коло)
Јанта волеј – Дибра волеј (сабота, 14.30)
Весна Пробиштип – Македонија Џио (сабота, 18.00)
***Слободна е екипата на Штип УГД
ТАБЕЛА:Штип УГД (5-5), Весна Пробиштип (4-6), Јанта волеј (2-8), Дибра волеј (1-9),Македонија Џио (0-10)
Работнички Скопје – Јанта волеј КВ (сабота, 18.00)
Струмица жени – Наковски волеј (сабота, 18.00)
Вардар жени – Фит фан волеј (сабота, 14.00)
Универзитет во Тетово – Пелистер волеј (понеделник, 19.00)
ТАБЕЛА: Работнички (13-0), Наковски волеј (11-2),Струмица жени (9-4), Јанта волеј Кисела вода (9-4), Фит фан волеј (4-9), Пелистерволеј (3-10), Универзитет во Тетово (3-10), Вардар жени (0-13)
Втора лига (жени), 10.коло
Вардар ЕМ – Младост УГД (сабота, 14.15)
Куманово – Македонија Макс (сабота, 13.00)
Ускана – Бами Кор (сабота, 12.00)
Јанта волеј Форца – ТЕ волеј (сабота, 12.00)
***Слободна е екипата на Виктори волеј
ТАБЕЛА: Вардар ЕМ (7-1), Македонија Макс (7-1), Ускана (6-2), Младост УГД (6-2), Бами Кор (4-4), Јанта волеј Форца (3-5), ТЕ волеј (2-6), Виктори волеј (1-7), Куиманово (0-8)