Струмичани и Јанта волеј КВ се пред нова титула

Струмичките одбојкари и во оваа сезона влегоа како апсолутни фаворити за двојната круна и од неа ги дели само уште една победа. Во финалната серија против Шкендија, екипата на Струмица 47&72 води со 2-0 откако славеше и на вчерашниот натпревар во Тетово по три одиграни сета. За бранителот на тронот којшто има осум шампионски и осум куп-титули во својата витрина, тоа беше шести сезонски триумф над ривалот. Третото соочување од финалето е утре во салата„Парк“ од 21 часот со пренос на МРТ-3, а со успех, струмичани ќе удрат печат на17-от пехар во македонската одбојка.

Во женска конкуренција, на чекор до престолот се одбојкарките на Јанта волеј Кисела вода. Тие водат со 2-0 во низата до три победи против Работнички Скопје кој ќе биде домаќин на денешната пресметка во малата сала на арената „Борис Трајковски“. Преносот на МРТ-3 ќе почне во 19 часот и 55минути и ќе биде последен сезонава од Првата лига кај дамите доколку се радува Јантаволеј Кисела вода. Во тој случај, актуелните првенки ќе уживаат во третата шампионска титула, вкупно четврта за клубот, во спротивно, ќе има најмалку уште еден меч, в понеделник во Кисела вода.

Се уште трае натпреварувањето и во Втората лига кај одбојкарките. Македонија Макс беше подобра од Бами Кор во Тетово во четвртото коло од Втората фаза за потврда на првото место, најверојатно и за директен влез во елитата наредната сезона. Составот на Вардар ЕМ, кој денескаќе му гостува на Младост УГД, е на втората позиција и како што стојат работитеќе игра бараж со Пелистер волеј иако се уште постои математика скопскиот тим даго достигне ефектот на Македонија Макс.

Прва лига (мажи), финале

Струмица 47&72 – Шкендија                                     3:0 (25:20, 25:18, 25:21)

Шкендија – Струмица 47&72                                     0:3 (17:25, 21:25, 23:25)

Струмица47&72 – Шкендија                                            (сабота, 21.00, МРТ-3)

Прва лига (жени), финале

Работнички Скопје – Јанта волеј Кисела вода        1:3 (28:26, 18:25, 19:25, 20:25)

Јанта волеј Кисела вода – Работнички Скопје        3:1 (25:19, 20:25, 25:19, 25:19)

РаботничкиСкопје – Јанта волеј Кисела вода               (денеска,20.00, МРТ-3)

Втора лига (жени), Втора фаза, (4.коло)

Бами Кор – Македонија Макс                                      1:3 (18:25, 19:25, 25:23, 13:25)

Младост УГД – Вардар ЕМ                                                  (денеска, 18.00)

ТАБЕЛА: Македонија Макс (19-1), Вардар ЕМ (16-3), Младост УГД (12-7), Бами Кор (10-10)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *