Екипата на Струмица 47&72 ги доби првите два натпревара со Шкендија од финалната серија во Првата лига на Македонија, па тоа значи дека вечерва пред своја публика има шанса да го освои деветтиот шампионски пехар, сотоа да ја одбрани ланската двојна круна. Најдобриот тим во македонската одбојјка во последната деценија само двапати не седна на првенствениот престол, сезонава не загуби ниту еден меч во лигата и во купот, а тоа значи дека реално е да сеочекува да обезбеди славенички празнички денови по денешната средба којашто ќеоди во живо на МРТ-3 од 20 часот и 55 минути. Доколку ја потврди фаворитската улога, Струмица 47&72 ќе ја надополни својата витрина со 17-тиот пехар.
Во женското финале меѓу Работнички Скопје и Јанта волеј Кисела вода се игра порамноправна одбојка. Откако актуелните шампионки славеа на првите две пресметки во четири сета,вчера освојувачките на купот триумфираа со 3-2 и намалија на 2-1 во победи во низата којашто ќе заврши кога еден од составите ќе дојде до три успеха. Јанта волеј Кисела вода е на чекор до тронот, вчера не успеа да го освои иако се врати од негатива од 2-0 во сетови, но неговата предност се уште постои затоашто ќе биде домаќин на четвртиот натпревар в понеделник којшто Македонската радиотелевизија планира да го пренесува на МРТ-3. И во него се очекува интересна битка како на вчерашната, којашто капитенката на Работнички Скопје, ТамараСтојанова, ја заврши со 20 поени. Баталаковска и Ѓурѓевиќ освоија по 12, адвоцифрени беа и Јонузи со 11 и Лазарова со 10. Кај Јанта волеј Кисела вода, Машковска заработи 16, Осипчук и Собол по 16, а Маројевиќ 12.
Во втората лига кај дамите, Вардар ЕМ оствари успех кај Младост УГД со 3:1 во четвртото коло од Втората фаза и ги задржа теоретските шанси за првото место, со тоа и за директен пласман во елитата. Македонија Макс, сепак, е во многу поповолна позиција затоа што во претстојните два меча треба да оствари само една победа за да влезе меѓу најдобрите следната сезона.Најверојатната опција за Вардар ЕМ е да остане втор и да игра бараж со Пелистер волеј.