Техничката комисија на Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) ги потврди организаторите и ги одреди термините за претстојните балкански првенства во шест возрасни категории. Македонската одбојка ќе биде претставена на пет од нив, со две репрезентации во машка и со три во женска конкуренција. Одбојкарите до 20 години ќе настапат во Тирана во група со Албанија, со Косово и со Турција, а националниот состав за играчи до 18 години ќе учествува на турнирот во Нови Сад во група со Молдавија и со Бугарија.
Кај девојките, за нас најважна ќе биде Балканијадата во Романија на којашто македонската репрезентација за одбојкарки до 19 години (генерација 2004 и помлади), ќе ја темпираат формата за Европското првенство коешто ќе се одржи во Скопје од 27-ми август до 5 септември. Јуниорките ќе бидат во група со Србија и со Грција, а во другата конкуренција се Романија, Косово,Турција и Бугарија. Селекцијата до 17 години ќе има сериозен тест за потенцијалот на Балканскиот шампионат во Врање во група со Романија и со Турција, а црвено-жолтиот тим репрезентативки родени 2008-ма и подоцна (до 16 години) ќеоди на турнир во Турција каде што ќе игра во група со Србија и со Романија.
БП мажи – до 20 години (Тирана, 06-10.09)
Група А: Албанија, МАКЕДОНИЈА, Косово, Турција
ГрупаБе: Бугарија, Романија, Србија
БП мажи – до 18 години (Нови Сад, 28.06-02.07)
Група А: Србија, Романија, Турција, БиХ
ГрупаБе: Бугарија, Молдавија, МАКЕДОНИЈА
БП жени – до 19 години (Романија, 10-14.08)
Група А: Романија, Косово, Турција, Бугарија
ГрупаБе: Србија, МАКЕДОНИЈА, Грција
БП жени– до 17 години (Врање, 06-10.07)
Група А: Србија, Молдавија, БиХ, Бугарија
ГрупаБе: Турција, Романија, МАКЕДОНИЈА
БП жени – до 16 години (Турција, јануари 2023)
Група А: Турција, Бугарија, Косово, Грција
Група Бе: Србија, Романија, МАКЕДОНИЈА