Струмичани ја прославија новата титула, а Јанта волеј КВ и Работнички Скопје и натаму се во трка (пренос на МРТ-3 од 16.30)

Одбојкарките на Јанта волеј Кисела вода денеска ќе ја имаат втората меч-топка за да ја одбранат ланската шампионска титула во Првата македонска лига. Во финалната серија против Работнички Скопје водат со 2-1 во победи и потребна им е уште една за да станат првенки на Македонија третпат во клупската историја. Како и во петокот пред своја публика, за годинашните освојувачки на купот нема друга опција освен триумф на гостински терен за да се изборат за мајсторка на којашто тие би ја имале предноста на домашната сала. Преносот од денешниот натпревар е од 16 часот и 25 минути на МРТ-3, а каков и да биде епилогот,сигурно е дека ќе се радува некој од последните два македонски жампиона во женската одбојка.

Во машката, од 2016-та досега, нема јунак што може да застане на патот на клубот Струмица, од сезонава со назив Струмица 47&72. Вкупно 17-ти пат во историјата, а 16-ти од 2012-та, струмичките одбојкари освоија пехар во македонската одбојка.Годинава повторно двојна круна, осма во последните десет години. Шкендија немаше сили во финалето да освои ниту сет, а никако да забележи три победи против апсолутниот фаворит којшто заслужено ја продолжи доминацијата во домашни рамки иако овој пат со дури тројца странци во составот што не беше случај во минатите сезони. Оттука, покрај славата во се позадушената македонска машка одбојка којашто на клупски план ниту е во процес на создавање, ниту во процесна резултати, надежите се токму струмичани да останат на ниво на силната градска одбојкарска традиција и да исчекорат со нов сопствен квалитет. Што побрзо,тоа подобро, за нив и за македонската одбојка воопшто.

Прва лига (мажи), финале

Струмица 47&72 – Шкендија                                          3:0 (25:20, 25:18, 25:21)

Шкендија – Струмица 47&72                                          0:3 (17:25, 21:25, 23:25)

Струмица47&72 – Шкендија                                          3:0(25:10, 25:13, 25:16)

Прва лига (жени), финале

Работнички Скопје – Јанта волеј Кисела вода        1:3 (28:26, 18:25, 19:25, 20:25)

Јанта волеј Кисела вода – Работнички Скопје        3:1 (25:19, 20:25, 25:19, 25:19)

Работнички Скопје – Јанта волеј КВ              3:2 (25:19, 25:22, 23:25, 22:25, 15:11)

Јанта волеј Кисела вода – Работнички Скопје               (денеска, 16.30, МРТ-3)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *