Мајсторка в четврток за конечна одлука за шампионскиот престол кај дамите

Работнички Скопје се избори за мајсторка и ја врати предноста на домашниот терен во финалната серија од разигрувањето за првенствената титула во Првата женска одбојкарска лига на Македонија. Јанта волеј Кисела вода без трите Украинки кои заминаа по одигрувањето на третиот натпреввар од низата во петокот, немаше доволно сили за да слави во својата сала и со тоа трет пат да биде на врвот во првенството. Поискусниот состав на Работнички Скопје ја забележа шестата победа во деветтиот меѓусебен меч сезонава, па без разлика што губеше во финалето со 2-0, успеа да се доведе во фаворитска позиција пред мајсторката в четврток којашто ќе оди на МРТ-3 од 20 часот и 25 минути.

Тимот на Јанта волеј Кисела вода даде силен отпор со две 16-годишни одбојкарки на позициите на Собол и на Осипчук, како и со капитенката Тасевска како средна блокерка наместо Машковска. Новата коректоркаМери Бошковска освои 13 поени, а нејзината колешка од младата македонска репрезентација Анастасија Овнарска, заработи 7. Со нивна помош и предводени од Маројевиќ со 14 поени, ланските првенки го добија вториот сет, во третиот имаа водство од 19-16 и контра, но откако не успеаја да дојдат до позитива од четири, го загубија сетоти паднаа психолошки. Потоа се повреди и Маројевиќ, па Работнички Скопје немашепроблем да остане на курсот на вториот шампионски трон во клупската историја,којшто ќе значи двојна круна исто како и во 2019-та. Четири одбојкарки беа двоцифрени кај актуелните освојувачки на купот, Баталаковска освои 15, Ѓурѓевиќ12, Стојанова 11, а Лазарова 10.

Во втората лига, петтото коло од вториот натпреварувачки сегмент може конечно да ја отстани дилемата за првото место, а со тоа и за директен влез во елитата. Тоа ќе се случи доколку Македонија Макс се радува на гостувањето кај Вардар ЕМ, во спротивно неизвесноста ќе трае и во последната рунда иако струмичките одбојкарки се блиску до најквалитетнотодруштво поради водството со две победи во однос на вардарки. Ако скопскиотсостав остане втор, тогаш ќе игра бараж со Пелистер волеј за настап во Прваталига наредната сезона.

Прва лига (жени), финале

Работнички Скопје – Јанта волеј Кисела вода        1:3 (28:26, 18:25, 19:25, 20:25)

Јанта волеј Кисела вода – Работнички Скопје        3:1 (25:19, 20:25, 25:19, 25:19)

Работнички Скопје – Јанта волеј КВ              3:2 (25:19, 25:22, 23:25, 22:25, 15:11)

Јанта волеј Кисела вода – Работнички Скопје        1:3 (20:25, 25:15, 20:25, 14:25)

РаботничкиСкопје – Јанта волеј Кисела вода                (четврток, 20.30, МРТ-3)

Втора лига (жени), Втора фаза, (5.коло)

Вардар ЕМ – Македонија Макс

Младост УГД – Бами Кор                     

ТАБЕЛА: Македонија Макс (19-1), Вардар ЕМ (17-3), Младост УГД (12-8), Бами Кор (10-10)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *