Македонските одбојкарки добија селектор, но и противничките за ЕП (19 години)

Македонската одбојка влегува во нов период и во контекст на женската репрезентација. По вообичаените учества на балканските првенства, летово границите ќе бидат проширени на континентално и на медитеранско рамниште, како дел од концептот за формирање сениорска репрезентација. Девојките до 19 години предводени од новиот селектор, српскиот стратег Стефан Пауновиќ, од 27-ми август до 5-ти септември, ќе учествуваат на Европското првенство чијшто домаќин ќе биде Македонија, а комбинираниот сениорски тим, во којшто веројатно ќе бидат и некои репрезентативки од јуниорскиот состав, ќе настапи на Медитеранските игри во Алжир на крајот на јуни и на почетокот на јули.

Во седиштето на ЦЕВ денеска беа одредени групите за Европското првенство за одбојкарки до 19 години. Во групата „А“, во салата„Борис Трајковски“ во Скопје, македонскиот тим ќе се натпреварува со Полска,Италија, Словенија, со Грција и со најдобриот од квалификациската група „Ка“ вокојашто Црна Гора ќе ги пречека Франција, Финска и Австрија. Во групата „Бе“,во арената „Јане Сандански“, за првите две места, а со тоа за пласман во полуфинелто ќе се надигруваат Турција, Србија, Хрватска, Романија, Швајцарија инајдобриот од квалификациската група „Ј“ којашто ќе биде филтер за Холандија, за Словачка, за Шпанија и за Естонија.

Претстојните чекори за македонската одбојка се во насока на формирање натпреварувачка сениорска репрезентација со идеја од 2023-таредовно да настапаува во Европската лига, но и во квалификациите за континенталните собири. Српскиот стратег Стефан Пауновиќ ќе ја има задачата да го раководи процесот којшто треба да даде резултат во претстојните неколку години. Младиот,31-годишен тренер потекнува од клубот Рибница од Краљево каде што е работи и сега,а претходно две години беше на клупата на ЦСУ Медицина Таргу Муреш во Романија каде што освои сребро со кадетките и бронза во јуниорска конкуренција. Период од тренерската кариера Пауновиќ мина и во Свехли во Либија како асистент.

„Цел ни е да се прикажеме во што подобро светло, ние не сме фаворити во оваа силна конкуренција на Европското првенство, но ќе дадеме се од себе за да одработиме најдобро што можеме. Гледав видео од девојките, тоа е перспективна екипа којашто ќе расте за да ја претставува македонската одбојка достојно во иднина“, вели Пауновиќ, кој ќе ја собере репрезентацијата на први јуни во Крушево. Наредна постојка ќе бидат Медитеранските игри во Алжир, по што на 17-ти јули ќе почнат подготовките за Европското првенство за одбојкарки до 19 години.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *