На осмиот ден од подготовките, засилување на позиција среден блокер

Македонските одбојкари осми ден се во Маврово на подготовките за претстојните натпревари во Евролигата. Филип Савовски го засили центарското место, па селекторот Ратко Павличевиќ ќе има можност уште попрецизнода го дозира темпото на тренинзите на националниот состав. Иако е рано и до почетокот на групната фаза во седмиот настап во Европската сребрена лига има уште две недели и две контроли, полека се наѕира првата линија. Стојан Илиев има предност на позицијата примач на местото на повредениот Љафтов, а со оглед на отсуството на Николов, Савовски ќе му биде партнер на Маџунков во двоецот средни блокери. Ангеловски не тренира поради обврски на работното место, па веројатнае можноста Костадин Ричлиев да биде единственото македонско либеро. Како и дае, ова секако ќе биде лето за поголема улога не некои од младите играчи.

„Подготовките се одвиваат во најдобар ред иако сме подмладени. Но сите тренираат добро и придонесот на помладите е значаен за да се подготвиме добро за нашата цел, а тоа е повторно да бидеме во врвот на Евролигата.Првите контроли ќе ни покажат како да ја дополниме формата, односно кои ситници треба да ги поправиме“, вели организаторот на игратана македонската репрезентација Филип Деспотовски.  

Златниот медал во Европската сребрена лига е секогаш во видното поле, но овој пат не е оптоварување. Македонија сака да изгради тим за континенталниот собир наредната година на којшто ние ќе бидеме коорганизатори, притоа со идеја поискусните да ја одржат, а помладите да ја унапредат формата. Тоа би било вистинска победа наспроти постојаната желба конечнода се освои првото место во Европската сребрена лига. Годинашното издание за насзначи шест средби во групата со Босна и Херцеговина, со Романија и со Албанија,а потоа и евентуално учество на завршниот турнир во Будимпешта против домаќинотУнгарија и Финска. Пред тоа, на 18-ти и на 19-ти во Маврово македонскитеодбојкари ќе се тестираат со Албанците, а по Евролигата ќе патуваат на Медитеранскитеигри во Алжир. Во јули е закажан вториот сегмент од подготовките летово, а тојќе заврши со турнирот „Чајка“ на којшто од 22-ри до 24-ти ќе ни гостуваатАвстрија и Босна и Херцеговина, како и Јапонија доколку ја прифати поканата.       

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *