Одбојкарките на Вардар ЕМ ќе играат во Првата македонска женска лига во следната сезона. Скопската екипа оствари триумф на гостински терен во реваншот од баражот со Пелистер волеј со 3:0 (25:19, 25:17,27:25) и на тој начин се рехабилитираше за поразот на свој терен во првиот меѓусебен дуел со 3:1. Битолските девојки во двомечот влегоа со лесна фаворитска улога затоа што во тековната сезона настапија во елитното друштво завршувајќи на седмата позиција, победија во првата половина од пресметката, но сепак, не ја претворија предноста во целосен успех. Составот на Вардар ЕМ воВтората лига го освои второто место и го заработи местото во баражот, а откакоја искористи дополнителната шанса во натпреварувачката 2022-ра/2023-та првпатќе настапи во Првата лига.
Бараж за Прва лига (жени)
Вардар ЕМ – Пелистер волеј 1:3 (25:27, 31:29, 22:25, 23:25)
Пелистер волеј – Вардар ЕМ 0:3 (19:25, 17:25, 25:27)