37 играчи – 37 победи, четворица селектори –четири сребра, шест учества – вкупно пет медали и 53 натпревари во Европската лига. Македонските одбојкари се уште го посакуваат пехарот во континенталното натпреварување иако за разлика од лани, овој пат, не наметнуваат тежок резултатски императив. Процесот на промена на генерации неминовно почнува, македонскиот состав има нов селектор и влегува во периодот за подготовка за најголемиот одбојкарски настан кај нас кога било – Европското првенство во 2023-та. Босна и Херцеговина денеска е прв чекор во долгиот процес, а Европскатасребрена лига уште еден испит за сите во црвено-жолто.
„Немаме многу информации, тие не играаконтролни средби, но тоа е добра репрезентација и ние треба да дадеме се одсебе за да одиграме добро. Пред се, ние ја гледаме нашата игра и најпрво ќе секонцентрираме на тоа што ние го работиме“, посочуваселекторот на Македонија Ратко Павличевиќ.
За разлика од квалификацискиот двомеч пред 16 месеци, исто така во „Борис Трајковски“ во Скопје, двете репрезентации ќе имаат по тројца нови играчи во ротација и куриозитет но, на три исти позиции. Кај нас ги нема примачот Љафтов, центарот Николов и либерото Ангеловски, а тоа еможност новите сили да преземат одговорност и да ја искористат шансата.
„Тоа е уште поголем мотив, младите да покажатшто можат, а ние да им помогнеме. Очекувам тежок натпревар, Босна и Херцеговинане е за потенување, но се надевам дека со добра игра и со добра мотивација ќе стигнемедо посакуваната победа“, вели техничарот намакедонската репрезентација Ѓорѓи Ѓорѓиев.
„Мислам дека сме во добра форма, сите смездрави и очекуваме да отвориме позитивно, да отвориме со победа, да ја кренеме самодовербатаи да одиме на уште еден завршен турнир. Тоа ни е зацртана цел, а зошто да не сеобидеме и годинава да играме во финалето и конечно да го освоиме златниотмедал“, се надева примачот Владо Милев.
По Босна и Херцеговина, во ритамот среда-сабота, македонските одбојкари ќе играат и со Романија и со Албанија, а доколку бидат меѓу двете најдобри, повторно ќе се пласираат на завршниот турнир. Од нашата група фаворити за полуфинале се Романците кои во премиерата славеа над Албанија на гости со 3-1. Но за пресметки има време, најпрво Босна и Херцеговина, денеска на МРТ-3 од 20 часот и 5 минути.