Отворена е вартата за завршниот турнир во Будимпешта

Македонските одбојкари зедоа здив и се доближија до уште едно полуфинале во Европската лига. По три порази во низа, триумфот над фаворитот Романија се уште не значи завршена работа, но белки ја донесе потребната смиреност и самодоверба кај помладите како надополнување на стандардниот ефект на искусните. Се уште ќе чекаме, но патот до Будимпешта е отворен.

Тактичкиот потег со Владо Милев на позиција либеро донесе резултат против Романците. Македонија имаше неспоредливо подобар прием во споредба со двомечот со Албанија, а тоа значеше дека Илиев и Костиќ имаа почисти топки за реализација. И не само тоа, разиграни беа и нашите центри на темпо, а имавме и нвообичаено успешен напад кога приемотне беше на посакуваното ниво.

„Либерото е командант на екипата, полесно е кога сме стабилни на таа позиција, јас не мораше да примам, туку се фокусирав само на напад и затоа бев поефикасен. Среќен сум за младите играчи, ние зборувавме отворено после натпреварот со Албанија, си кажавме некои работи и се радувавшто тие покажаа дека имаат карактер“,задоволен е капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев.

Првиот услов за седмо полуфиналево седмиот настап во Евролигата е наша победа во Тузла во сабота против Босна иХерцеговина. Ако е 3-0 за нас, ќе ни одговара успех на Романија в недела противАлбанија со 3-0 или со 3-1. Со 3-1 за Македонија, ќе ни одговара 3-0 за Романците, затоа што ќе имаме подобар сет-количник од Албанија, но доколку е3 -1 на двата меча, тогаш ќе решава поен-количникот, а засега Албанците се подобри од црвено-жолтите за девет поени. Без разлика како ќе завршиме ние, Албанијане смее да освои два сета во Романија. Според квалитетот на составите, реално е Македонија да зврши втора во групата „Бе“, а без оглед што не зависиме само однашиот натпревар, основно е да играме најмалку како вчера со Романија и да ја оствариме нашата цел. А потоа, што биде нека биде.

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *