Кадетите ќе ја отворат низата Балканијади 2022

Македонските одбојкари до 18 години денеска ќе го одиграат натпреварот со Молдавија, прв на Балканското првенство за играчи родени во 2005-та година или подоцна. Во СПЦ „Војводина“ во Нови Сад, од 17 часот и 30 минути, националниот тим на селекторот Ванче Санев ќе се обиде уште на отворањето на турнирот да обезбеди пласман во полуфиналето.

Со оглед дека во нашата група е само уште Бугарија, триумф против Молдавците ќе значи дека кадетската репрезентација на Македонија ќе обезбеди влез во полуфиналето. Во спротивно, би требало да останеме во конкуренција за пласман од петтото до седмото место во конечното рангирање. Водругата група на Балканијадата се домаќинот Србија, Романија, Турција и Босна иХерцеговина.

Балканско првенство (кадети), група „Бе“

1.коло (вчера)

Бугарија – Молдавија 3:0 (25:9, 25:15, 25:11)

2.коло (денеска)

Македонија – Молдавија

3.коло (утре)

Македонија –Бугарија

Состав на кадетската одбојкарска репрезентација на Македонија:

Техничари:

Марко Димовски (ГОК Борец), Филип Пуздерлиски (Штип УГД), Лука Ристоски (Штип УГД)

Примачи:

Јован Милев (Струмица 47&72), Тоше Ефремов (Весна Пробиштип), Антонио Николов (ГОК Борец), Ване Арапов (Струмица 47&72), Панче Маглешев (Струмица 47&72)

Блокери:

Мики Мицев (Струмица 47&72), Филип Грковски (Струмица 47&72), Андреј Тодоровски (Јанта волеј)

Коректор:

Филип Станков (Струмица 47&72)

Либера:

Христијан Смиков (Струмица 47&72) и Трајче Коцев (Струмица 47&2)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *