Втора Балканијада за македонската одбојка во летото 2022

Македонската женска кадетска репрезентација од утре до недела ќе учествува на Балканското првенство во Србија. Собирот на одбојкарките родени 2006-та година и подоцна почнува денеска, но црвено-жолтите се слободни во ова коло затоа што во нашата група „Бе“ има три репрезентации, а ждрепката одреди Турција и Романија први да истрчаат во спортската сала во Врање.

Избраничките на селекторката Јована Јањиќ утре  ќе се соочат со Романија, а в петок со Турција, по што ќе продолжат во битката за медалите, или, пак, за пласман од петтото до седмото место. Во групата „А“ се Србија, Босна и Херцеговина, Молдавија и Бугарија, а првите два национални состава од двете конкуренции ќе обезбедат полуфинале.Доколку е трета, Македонија ќе игра со четвртопласираниот тим од групата „А“, а со триумф ќе учествува и во натпреварот за петтото место во конечното рангирање.

Македонска женска одбојкарска репрезентација (кадетки, 1006-та и помлади)

Техничарки: Миа ЃОРГИЕВСКА (Јанта волеј Форца), Андреа ЛЕСКАРОВСКА (Вардар жени 2019)

Коректорки: Анастасија РИСТЕВСКА (Пелистер волеј), Марија ЃОНЛАГА (Наковски волеј), Ива СИМОНОВСКА – капитенка (Јанта волеј Форца)

Средни блокерки: Кариа ТРИФУНОВСКА (Јанта волеј Форца), Евангелина ВАСИЛЕВСКА (Јанта волеј Форца), Магдалена ДАНИЛОВСКА (Виктори волеј), Адеа ВЕЛА (Шкендија)

Примачки: Ивана ТРАЈКОВА (Јанта волеј Форца), Ева ТРПЕНОВСКА (Пелистер волеј), Симона НАКОВСКА (Јанта волеј Форца),

Либера: Матеа МАРТИНОВСКА (Јанта волеј Форца), Ивана МИЛЕВА (Наковски волеј)

Start a Conversation

Your email address will not be published. Required fields are marked *