Женската репрезентација на Македонија за одбојкарки до 18 години завршија шести на Балканското првенство во Врање. Во последниот натпревар на турнирот, црвено-жолтите загубија од Босна и Херцеговина со 3:0 (25:19, 25:14, 25:19) и настапот го заокружија со биланс 1-3. Во групната фаза македонските кадетки беа поразени од Романија и одТурција, потоа ја совладаа Молдавија, па претрпеа пораз и од составот на Босна и Херцеговина.
Златото го освои селекцијата на Србија со триумф во финалето над Бугарија со 3:1, а бронзата е на градите на Турчинките кои втор пат беа подобри од Романија со 3:0. Босна и Херцеговина е петта во конечното рангирање, Македонија шеста, а Молдавките завршија седми. Балканијадите се одржуваат од 2001 година, а на досегашните 20 Македонија се уште нема медал.
Балканско првенство (кадетки), група „Бе“
1.коло (вчера)
Турција – Романија 3:0 (25:16, 25:6, 25:15)
2.коло (денеска)
МАКЕДОНИЈА – Романија 0:3 (20:25, 21:25, 14:25)
3.коло
МАКЕДОНИЈА – Турција 0:3 (5:25, 4:25, 12:25)
5-7 место
МАКЕДОНИЈА – Молдавија 3:0 (25:20, 25:14, 25:21)
5.место (утре)
МАКЕДОНИЈА – Босна и Херцеговина 0:3 (19:25, 14:25, 19:25)