Македонската одбојка одбројува два дена до почетокот на Европското првенство за одбојкарки до 19 години. Во двете скопски убавици, арените „Борис Трајковски“ и „ЈанеСандански“, од сабота до 4-ти септември, 12 национални состави за одбојкарки родени 2004-та и подоцна ќе се натпреваруваат на шампионатот на којшто се најдобрите на континентот. Меѓу нив ќе биде и македонската репрезентација којашто на овој собир ќе учествува како домаќин, а сите други настапот го обезбедијапреку квалификациите
„За нас ова е ретка можност да ги тестираме капацитетите на неколку нивоа, пред се во натпреварувачка, но и во организациска смисла. Сакаме женската одбојка да се врати на сцена преку долгорочен процес за да добиеме и квалитетна сениорска репрезентација, а од друга страна, пак, да се подготвиме за она што не очекува наредната година, атоа е организацијата на група за Европското првенство во машка сениорска конкуренција“,вели генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија Зоран Карановиќ.
Нашите одбојкарки предводени од селекторот Стефан Пауновиќ тренераат три месеци, беа дел и од Балканијадата во Романија, пред тоа се тестираа на турнирот „Чајка“, а во минатите два дена одиграа две пријателски средби со Швајцарија која, исто така, се подготвува за натпреварите на континеталниот самит. На првиот загубивме три од четирите одиграни сета (24:26,18:25, 30:32, 25:21) и покрај тоа што три македонски одбојкарки имаа приближен напаѓачки ефект, Стојкоска 10, Хаџи Тосева 9, Бошковска 8 поени, а на вториотпобедивме со 3:1 (25:14, 25:20, 18:25, 25:21), со напомена дека Овнарска влезево ротација со 11 поени и го надопони триото од првата пресметка соШвајцарките. На вчерашната пријателска примачката Хаџи Тосева освои 15, коректоркатаБошковска 14, а блокерката Стојкоска 9 поени.
Македонија ќе биде во групата во „Борис Тајковски“,а од сабота до среда редоследно ќе игра со Финска, со Словенија, со Грција, со Италија и со Полска. Сите натпревари се во последниот термин во текот на денот (20часот и 30 минути), а влезот ќе биде слободен, така што македонските девојки очекуваат дека ќе имаат подрршка во обидот достоинствено да ја претстават Македонија. Доколку не сте во сала, игрите на црвено-жолтите можете да гиследите на програмата на МРТ-3.
Во групата во „Јане Сандански“ ќе се надмудруваат Србија, Швајцарија, Турција, Холандија, Хрватска и Романија. Првитедва национални состава ќе одат во полуфинале, третиот и четвртиот во битка запласман од петтото до осмото место, а преостанатите две ќе завршат по групната фаза.