Category: Вести

Две промени во однос на Љубљана, Николиќ ги одреди играчите за Тампере

Немаше и не беше очекувано да има какви било изненадувања во изборот на селекторот Душко Николиќ за составот на македонската репрезентација за настапот на Европското првенство. Во споредба со нашето дебитантско учество на континенталните самити, националниот дрес ќе го носат Лука Костиќ и Филип Савовски, покрај 12-темина коишто играа и во Љубљана.

На коректорската позиција ќе биде капитенот Никола Ѓорѓиев, а Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Деспотовски ќе се менуваат на позицијата техничар. Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ и Васе Михаилов се примачите на црвено-жолтите, Ристо Николов, Филип Маџунков, Филип Савовски и Славе Наковсе нашите средни блокери, а либера Дарко Ангеловски и Филип Николовски. Стојче Арсов, Ефтим Ричлиев и Костадин Ричлиев тренираа со репрезентацијата од собирот на 11-ти јули, беа и на листата на пријателските натпревари, го дадоа својот придонес во подготвителниот процес, но сепак, за свое деби на европските првенства ќе чекаат друга шанса. Од тимот пред две години ги нема Милков и Андонов.

Македонските одбојкари ќе работат во Скопје до сабота, а потоа ќе патуваат во Тампере каде што од први до осми ќе се обидат да го повторат или да го подобратнивото од самитот во Љубљана каде што ги совладавме Белорусија и европскиот вице-првак Словенија што не беше доволно за осминафинале. Пристапот во Финска ќе биде поинаков, македонскиот тим ќе патува без посебен резултатски притисок, но со изразена желба да одигра соодветно, а доколку се случи тоа, можеби и да се надева на чекор понапред од 17-тото место на нашата континентална премиера. На патот ќе ни стојат домаќинот Финска, Холандија, Турција, Шпанија и Русија

Европскиот првак славеше на првиот тест во Арена

 

Македонските одбојкари загубија од Србија со 3:1 (17:25, 21:25, 17:25, 25:21) во првиот од двата контролни натпревара во Белград. Откако минаа речиси еден месец на базичните подготовки во Маврово, за црвено-жолтите денешниот натпревар во малата сала на „Арена“ беше прв во тренажниот процес за настапот на септемвриското Европско првенство. Можеби и поради тоа беше евидентно дека нашата репрезентација се уште нема течна игра, па без оглед што реномираниот противник на теренот го прати вториот тим, сепак успеа да триумфира со два доминантни сета. Македонската репрезентација беше рамноправна во вториот, а подобра во четвртиот сет којшто беше дополнување на контролниот меч

 

Селекторот Душко Николиќ го почна мечот со стандардниот избор. Никола и Ѓорѓи Ѓорѓиев беа на коректорската и на позицијата техничар, Милев и Љафтов како примачи, Николов и Маџунков на центар, а Ангеловски како либеро. Во успешниот, четврти, сет на терен беа Деспотовски како организатор, Илиев на местото на капитенот Ѓорѓиев и Николовски како либеро, а шанса доби и Костиќ. Бранителот на европското злато од континенталниот самит пред две години имаше подобар напад (57-33), а ние освоивме повеќе директни поени од блок (8-6) и од сервис (6-3). Поединечно, Александар Љафтов имаше 14 (11 од напад, 2 од блок и 1 ас), капитенот Никола Ѓорѓиев освои 10 поени (9 од напад и 1 ас), Маџунков (5 од напад и 2 блока) и Илиев (3 од напад, 2 блока и 2 аса) имаа по 7, Николов 4 (3 од напад и 1 блок), Милев 3 (2 од напад и 1 ас) и Костиќ 1 поен (1 блок).

 

„Имавме многу грешки, а тоа е очекувано, се гледа дека досега бевме на планина. Сакавме да играме со посилен противиник, за да видиме до каде сме, а допрва ќе тежнееме да ја кртеваме формата. Некои од играчите се жалат на повреда, Никола Ѓорѓиев не е најподготвен, па полека ќе ги коригираме елементите во играта“, изјави македонскиот селектор Душко Николиќ.

 

Кормиларот на европскиот шампион, Слободан Ковач, реши да одигра без главните ѕвезди, па во почетната линија се најдоа Тодоровиќ, Периќ, Околиќ, Симиќ, Кујунџиќ и Ковач. Најефикасен беше коректорот Периќ со 24, Ковач освои 14, а Батак 11.

Кожувчанка ги претставува македонските одбојкари: „Запознајте ги нашите херои“

 

Во пресрет на учеството на Европското првенство во септември, второ во историјата на македонската одбојка, компанијата Кожувчанка ДОО ќе ги претстави македонските одбојкарски репрезентативци преку кампањата со наслов „Ова се нашите херои“. Во следните два месеца до континенталниот собир во групата Тампере каде што ќе играме ние, преку сите промотивни канали, партнерот на Одбојкарската федерација на Македонија ќе ги претстави црвено-жолтите, а на тој начин ќе открие интересни детали за одбојкарите, притоа упатувајќи повик заеднички да ги бодриме на еврошампионатот во септември.

 

„Решивме да ги испромовираме нашите одбојкари, нашите претставници на Европско! Мислиме дека заслужуваат многу поголемо внимание. Ова се нашите херои коишто Кожувчанка како компанија ги поддржува со години. Натаму планираме поголема инволвираност во нивните успеси и поголема поддршка на овој спорт”, изјавија одговорните од Кожувчанка ДОО потенцирајќи дека ова е единствена кампања во којашто компанија инвестира во промоција на друг, а не на себе!

 

„Промоцијата одбравме да биде преку водата Изворска како најзастапен бренд, со најголем број потрошувачи. На тој начин веруваме дека ќе допреме до секој којшто гордо ќе навива за нашите репрезентативци на Европското првенство во 2021“, веруваат одбојкарските вљубеници во Кожувчанка ДОО. Нивната порака до македонските одбојкарски репрезентативци е: „Напред момци, вие сте нашите херои“!

24 одбојкари на списокот на селекторот Николиќ за подготовките за ЕП 2021

 

Нов селектор, а познато лице во црвено-жолтиот табор, проверен и стандарден играчки кадар, вообичаени цели за потврда и за надградба на создаденото реноме. Тоа е сижето на позициите за македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација на почетокот на реализацијата на следната мисија – Европското првенство во септември. Групата во финскиот град Трампере е силен предизвик за македонските одбојкари коишто пред две години во Љубљана славеа две победи, но не играа осминафинале, а во јануарскиот квалификациски циклус успеаја да го најдат патот до континенталното друштво. Оттука, амбициите не би требало да бидат намалени иако сега веќе не сме непознаница, што не значи дека не можеме да бидеме изненадување за европската елита.

 

Собирот за тренажниот процес е в недела (11 јуни) во Маврово. Селекторот Душко Николиќ, кој го наследи Никола Матијашевиќ по периодот во којшто ја имаше улогата на негов асистент, одреди список со 24 одбојкари, меѓу нив четворица со статус резерви. Изборот е вообичаен со напомена дека во споредба со неуспешниот настап во Европската сребрена лига, како и со неколку претходни аккции, повратници во составот се Марјан Урдов и Марко Јуниор Стошиќ.

 

Список македонски репрезентативци за подготовки за ЕП 2021

Техничари: Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Деспотовски, Марко Јуниор Стошиќ, Ефтим Ричлиев
Коректори: Никола Ѓорѓиев, Стојче Арсов, Марјан Урдов
Примачи: Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Васе Михаилов, Лука Костиќ
Блокери: Филип Маџунков, Ристо Николов, Иван Андонов, Славе Наков, Филип Савовски, Филип Лепидовски
Либера: Дарко Ангеловски, Филип Николовски

*** Резерви: Давид Стојанов (техничар), Михајло Мирасчиев (коректор/блокер), Тино Шулајковски (блокер), Блертон Бафтијари (примач)
***Костиќ, Савовски, Арсов и Лепидовски ќе се приклучат на подготовките по Балканијадата во Приштина за играчи до 20 години

 

Откако ќе го заврши подготвителниот дел во Маврово на којшто селекторот Николиќ и неговиот асистент во стручниот штаб Арсение Протиќ ќе работат на техничко-тактичкиот, а кондицискиот тренер Даниел Мишиќ на физичкиот сегмент, македонскиот национален состав ќе ја почне фазата со одигрување пријателски натпревари, меѓу нив и оние на традиционалниот турнир „Чајка“. Како и во „Стожице“, прв ривал на Европското првенство и овој пат ќе ни биде Финска која сега ќе игра на домашен терен. Тој натпревар, можеби и клучен за нашите амбиции да играме осминафинале, е закажан на први септември, два дена потоа ќе се сретнеме со Холандија, на петти ќе ги одмериме силите со Турција, на шести ќе сервираме против Шпанија, а во последното коло на осми септември противник ќе ни биде великанот Русија.

Пораз и од Црна Гора и последно место за македонските јуниорки во Белград

 

Одиграа само еден рамноправен сет, па тоа не беше доволно да избегнат уште еден максимален пораз на Балканското првенство во Белград. Македонските одбојкарки до 19 години загубија и од Црна Гора со 3:0 (25:13, 25;12, 26:24) во четвртиот, последен настап во салата „Бањица“ на Вождовац. Претходно, освоија бод само во дуелот со Албанија, а не заработија сет во пресметките со Србија и со Турција, па ќе завршат на дното на натпреварувањето.

 

Балканијата (одбојкарки родени 2002 и помлади)
1.коло, вторник:
Србија – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:15, 25:19, 25:15)
Турција – Албанија 3:0 (25:17, 25:16, 25:17)

2.коло, среда:
Турција – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:20, 25:13, 25:11)
Србија – Црна Гора 3:0 (25:21, 25:16, 25:10)

3.коло, четврток:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Албанија 2:3 (25:20, 21:25, 17:25, 25:21, 9:15)
19.00 Турција – Црна Гора 3:1 (25:20, 25:21, 20:25, 25:16)

4.коло, петок:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора 0:3 (13:25, 12:25, 24:26)
19.00 Србија – Албанија 3:0 (25:9, 25:11, 25:16)

5.коло, сабота:
16.00 Црна Гора – Албанија
19.00 Србија – Турција

Прв бод за нашите девојки на Балканијадата во Белград

 

Македонските одбојкарки до 19 години претрпеа пораз и во третиот натпревар на Балканскиот шампионат во Белград, но за разлика од претходните два со Србија и со Турција, против Албанија освоија два сета, а со тоа и го заработија првиот бод на турнирот. Избраничките на селекторот Јованче Манасков имаа водство од 1:0, потоа израмнија на 2:2, но во завршната фаза, сепак, не успеаја да славта победа. Во последниот настап во салата „Бањица“ на Вождовац, македонската репрезентација денеска ќе се сретне со Црна Гора.

 

Балканијата (одбојкарки родени 2002 и помлади)
1.коло, вторник:
Србија – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:15, 25:19, 25:15)
Турција – Албанија 3:0 (25:17, 25:16, 25:17)

2.коло, среда:
Турција – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:20, 25:13, 25:11)
Србија – Црна Гора 3:0 (25:21, 25:16, 25:10)

3.коло, четврток:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Албанија 2:3 (25:20, 21:25, 17:25, 25:21, 9:15)
19.00 Турција – Црна Гора 3:1 (25:20, 25:21, 20:25, 25:16)

4.коло, денеска:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
19.00 Србија – Албанија

5.коло, сабота:
16.00 Црна Гора – Албанија
19.00 Србија – Турција

Душко Николиќ ги презема сениорите, ОФМ ја прекина соработката со Матијашевиќ и со Михајловиќ

 

Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да ги промени селекторите на машката сениорска и на женската репрезентација за одбојкарки до 19 години. По анализата на настапите и на резултатите во Европската сребрена лига 2021, во којашто македонскиот национален тим не успеа да го освои златниот медал иако финалето го играше на домашен терен, челниците на ОФМ ја прекинаа соработката со Никола Матијашевиќ и решија да му го доверат кормилото на репрезентацијата на неговиот досегашен асистент Душко Николиќ.

 

Извршниот одбор на ОФМ го констатираше придонесот на Матијашевиќ во остварувањето на досегашните цели, но исто така ја истакна потребата од промена пред учеството на Европското првенство во септември во Тампере. Назначувањето на Николиќ ќе значи постојаност во работата на репрезентацијата, но од друга страна ќе овозможи и нов пристап во подготовките за нашето второ учество на континенталните самити.

 

Промена има и кај јуниорките коишто се подготвуваат за Европското првенство наредната година кај нас. Извршниот одбор на ОФМ го разреши српскиот стратег Ненад Михајловиќ, кој го почна процесот на формирање на репрезентацијата за одбојкарки до 19 години, но немаше соодветни резултати на неколку подготвителни турнири. За наследникот на Михајловиќ Извршниот одбор ќе решава дополнително.

Србија и Турција беа пресилни, Албанија е шанса за нашите девојки

 

По почетниот пораз од Србија, македонските одбојкарки до 19 години загубија и од Турција со 3:0 (25:20, 25:13, 25:11) на Балканијадата во Белград. Нашите девојки одиграа солиден прв сет, но потоа немаа сили да му парираат на посилниот противник, па шанса за подобро издание ќе имаат во денешниот натпревар со Албанија и во утрешниот со Црна Гора.

 

Очекувано, по два натпреварувачки дена во салата „Бањица“ на Вождовац, на чело на табелата се Србија и Турција со по две максимални победи. Албанките и Црногорките загубија во единствениот досегашен настап, а ние имаме два загубени меча.

 

Балканијата (одбојкарки родени 2002 и помлади)
1.коло, вторник:
Србија – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:15, 25:19, 25:15)
Турција – Албанија 3:0 (25:17, 25:16, 25:17)

2.коло, среда:
Турција – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:20, 25:13, 25:11)
Србија – Црна Гора 3:0 (25:21, 25:16, 25:10)

3.коло, денеска:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Албанија
19.00 Турција – Црна Гора

4.коло, петок:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
19.00 Србија – Албанија

5.коло, сабота:
16.00 Црна Гора – Албанија
19.00 Србија – Турција

Очекуван пораз од фаворитот, денешен противник е Турција

 

Знаејќи ги успесите на српската репрезентација во сите возрасни категории, максималниот пораз на македонските одбојкарки до 19 години (генерација 2002 и помлади) не беше изненадување на почетокот на Балканското првенство во Белград. Во салата „Вождовац“ на Бањица, нашите девојки освоија по 15 поени во првиот и во третиот сет, а најдобро играа во вториот во којшто дојдоа до 19. Во денешното второ коло, избраничките на селекторот Јованче Манасков ќе се сретнат со Турција која вчера беше подобра од Албанија исто така со 3:0.

 

Балканијата (одбојкарки родени 2002 и помлади)
1.коло, вчера:
Србија – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:15, 25:19, 25:15)
Турција – Албанија 3:0 (25:17, 25:16, 25:17)

2.коло, денеска:
16.30 Турција – МАКЕДОНИЈА
19.00 Србија – Црна Гора

3.коло, утре:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Албанија
19.00 Турција – Црна Гора

4.коло, петок:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
19.00 Србија – Албанија

5.коло, сабота:
16.00 Црна Гора – Албанија
19.00 Србија – Турција

Почнува Балканијадата во Белград, македонските одбојкарки денеска против Србија

 

Македонските одбојкарки до 19 години (генерација 2002 и помлади) денеска ќе го почнат настапот на Балканското првенство во Белград. Во салата „Вождовац“ на Бањица покрај нашиот национален состав, ќе учествуваат и домаќинот, Албанија, Црна Гора и Турција. Прв противник денеска ќе ни биде фаворитот Србија, кој на досегашните 18 Балканијади освои 11 златни и 7 сребрени медали.

 

Од вкупно 25 одбојкарки коишто се најдоа на поширокиот список и беа дел од подготовиките во Скопје, селекторот Јованче Манасков одбра 12 за претстојните натпревари. Во Белград ќе играат Мила Стевановска и Бојана Маројевиќ од Јанта волеј Кисела вода, Мери Бошковска, Ива Стојкоска и Надица Антеска од Јанта волеј Форца, Мила Долдурова и Мила Дикова од Струмица жени, Јана Балов, Марија Василевска и Ана Јаничиќ од Вардар ЕМ, Меланија Каралиоска од Пелистер волеј и Добрина Хаџи Тосева од Наковски волеј.

 

Балканијата (одбојкарки родени 2002 и помлади)
1.коло, денеска:
16.30 Турција – Албанија
19.00 Србија – МАКЕДОНИЈА

2.коло, среда:
16.30 Турција – МАКЕДОНИЈА
19.00 Србија – Црна Гора

3.коло, четврток:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Албанија
19.00 Турција – Црна Гора

4.коло, петок:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
19.00 Србија – Албанија

5.коло, сабота:
16.00 Црна Гора – Албанија
19.00 Србија – Турција