Category: Куп на ОФМ

Одбојкарски куп на Македонија – четвртфинале (реванши)

 

Наковски волеј го доби дербито со Јанта волеј, а Вардар и Работнички – Жени го потврдија пласманот

 

Одбојкарките на Наковски волеј лесно го минаа составот на Јанта волеј во четвртфиналето на одбојкарскиот куп на Македонија. Откако актуелните шампионки го добија првиот натпревар на свој терен во Скопје со 3:2, се очекуваше многу поголема борба на возвратниот дуел во Струмица. Сепак, Наковски волеј на ривалките им препушти само 43 поени и обезбеди пласман во полуфиналето. Таму се Работнички – Скопје, Пелистер волеј, како и екипата на Работнички – Жени, којашто вторпат славеше над УГД Студент – Жени без да загуби сет.

Проблеми немаше и за одбојкарите на Вардар, кои и во реваншот се радуваа во пресметката со Јанта волеј со 3:0. Полуфиналето кај мажите ќе биде исклучително интересно со оглед дека во него ќе играат најдобрите четири екипи сезонава. Покрај Вардар, четвртфиналето не беше пречка и за бранителот на тронот Џио Струмица, за Универзитет во Тетово и за Шутова.

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ МАЖИ (РЕВАНШИ)

Џио Струмица – УГД Студент 3:0 (25:12, 25:16, 25:14)


Весна Пробиштип – Шутова 1:3 (14:25, 25:21, 21:25, 17:25)


Универзитет во Тетово – Лирија 3:0 (25:21, 25:23, 25:17)


Вардар – Јанта волеј 3:0 (25:19, 25:13, 25:17)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

УГД Студент – Џио Струмица 0:3 (18:25, 11:25, 18:25)


Шутова – Весна Пробиштип 3:0 (25:7, 25:20, 25:18)


Јанта волеј – Вардар 0:3 (8:25, 16:25, 15:25)


Лирија – Универзитет во Тетово 0:3 (14:25, 13:25, 15:25)

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЖЕНИ (РЕВАНШИ):

Наковски волеј – Јанта волеј 3:0 (25:12, 25:13, 25:18)


Пелистер волеј – Универзитет во Тетово 3:0 (25:9, 25:14, 25:19)


Работнички Скопје – Виктори волеј 3:0 (25:15, 25:14, 25:8)


Работнички Жени – УГД Студент Жени  3:0 (25:17, 25:19, 25:17)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

Јанта волеј – Наковски волеј 3:2 (25:18, 22:25, 20:25, 26:24, 15:12)


Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1:3 (23:25, 21:25, 25:13, 11:25)


Виктори волеј – Работнички Скопје 0:3 (20:25, 18:25, 19:25)


УГД Студент Жени – Работнички Жени 0:3 (17:25, 15:25, 18:25)

Одбојкарски куп на Македонија – четвртфинале (реванши)

 

Без изненадувања, фаворитите се пласираа во следниот натпреварувачки круг

 

Џио Струмица, Универзитет во Тетово и Шутова обезбедија полуфинале во коешто многу веројатно е да биде и Вардар. Тоа значи дека четирите најдобри екипи од шампионатот влегоа во завршна трка и за куп-пехарот. Кај дамите е нешто поинаку затоа што Пелистер волеј обезбеди полуфинале, а во лигата е шестопласиран. Работнички – Скопје исто така е меѓу четирите, јасно е дека во тоа друштво ќе бидат и одбојкарките на Работнички – Жени, а голема битка би требало да има на денешниот реванш меѓу Наковски волеј и Јанта волеј

 

Се беше според очекувањата во досегашните реванши од четвртфиналето на одбојкарскиот куп на Македонија. Бранителот на ланската титула, Џио Струмица, вторпат славеше над УГД Студент со 3:0, Шутова уште по првиот сет ги реши сите дилеми на гостувањето кај Весна Пробиштип, а Универзитет во Тетово лесно ја претвори квалитативната играчка во резултатска доминација во локалното дерби со Лирија. Со оглед дека на првиот натпревар против Јанта волеј победи со 3:0 на гостински терен, денеска останува Вардар пред своја публика да го формализира пласманот во полуфиналето.

Во женска конкуренција, откако минатата недела славеа на теренот на противникот, Работнички Скопје и Пелистер волеј рутински ја одработеа задачата во четвртфиналните реванши. Екипата од главниот град не загуби сет во двомечот со Виктори волеј, а битолчанки со сет-количник 6-1 го елиминираа Универзитет во Тетово. Поради квалитетот и резултатот од првата средба, формален карактер ќе има пресметката на Работнички – Жени и на УГД Студент, а од сите двојки во двете конкуренции, незивесност носи само соочувањето на Наковски волеј и на Јанта волеј. Во Скопје Јанта волеј победи со 3:2.

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ МАЖИ (РЕВАНШИ)

Џио Струмица – УГД Студент 3:0 (25:12, 25:16, 25:14)


Весна Пробиштип – Шутова 1:3 (14:25, 25:21, 21:25, 17:25)


Универзитет во Тетово – Лирија 3:0 (25:21, 25:23, 25:17)


Вардар – Јанта волеј (денеска, 17.00)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

УГД Студент – Џио Струмица 0:3 (18:25, 11:25, 18:25)


Шутова – Весна Пробиштип 3:0 (25:7, 25:20, 25:18)


Јанта волеј – Вардар 0:3 (8:25, 16:25, 15:25)


Лирија – Универзитет во Тетово 0:3 (14:25, 13:25, 15:25)

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЖЕНИ (РЕВАНШИ):

Наковски волеј – Јанта волеј (денеска, 19.00)


Пелистер волеј – Универзитет во Тетово 3:0 (25:9, 25:14, 25:19)


Работнички Скопје – Виктори волеј 3:0 (25:15, 25:14, 25:8)


Работнички Жени – УГД Студент Жени (денеска, 20.15)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

Јанта волеј – Наковски волеј 3:2 (25:18, 22:25, 20:25, 26:24, 15:12)


Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1:3 (23:25, 21:25, 25:13, 11:25)


Виктори волеј – Работнички Скопје 0:3 (20:25, 18:25, 19:25)


УГД Студент Жени – Работнички Жени 0:3 (17:25, 15:25, 18:25)

Одбојкарски куп на Македонија – четвртфинале (реванши)

Наковски волеј и Јанта волеј во неизвесна битка, а на фаворитите им е потребна рутинска игра

 

Според резултатите од првите натпревари и квалитетот на екипите, ревашните од четвртфиналето на одбојкарскиот куп на Македонија не би требало да донесат драматика. Во машка конкуренција, бранителот на ланската титула, Џио Струмица, како и Шутова и Вардар, остварија победи од 3:0 во првите натпревари, така што нивните противници ќе имаат тешка задача да направат пресврт. Дерби карактер треба да има мечот меѓу Весна Пробиштип и Шутова, но домаќинот е во лоша серија, а на кичевци им е потребен само еден сет за да го потврдат пласманот во полуфиналето. Локалните ривали Универзитет во Тетово и Лирија решија двата натпревара од оваа фаза во купот да ги одиграат утре.

Кај дамите, најинтересно ќе биде на реваншот меѓу Наковски волеј и Јанта волеј в четврток. На првиот дуел во Скопје, актуелните првенки го искористија домашниот терен и победија со 3:2, а тој резултат им дава шанса и на струмичанки да се надеваат на место меѓу четирите најдобри. Во тој сегмент пласманот формално треба да го потврдат Работнички – Жени, Работнички – Скопје и Пелистер волеј.

Во случај резултатот од кој боло двомеч да е 1:1, а и сет-количникот да биде идентичен, според правилата, предвиден е дополнителен „златен“ сет до 15 поени.

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ МАЖИ (РЕВАНШИ)

Џио Струмица – УГД Студент (среда, 17.00)

Весна Пробиштип – Шутова (среда, 18.30)

Универзитет во Тетово – Лирија (среда, 19.00)

Вардар – Јанта волеј (четврток, 17.00)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

УГД Студент – Џио Струмица 0:3 (18:25, 11:25, 18:25)

Шутова – Весна Пробиштип 3:0 (25:7, 25:20, 25:18)

Јанта волеј – Вардар 0:3 (8:25, 16:25, 15:25)

Лирија – Универзитет во Тетово (среда, 13.март)

 

ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЖЕНИ (РЕВАНШИ):

Наковски волеј – Јанта волеј (четврток, 19.00)


Пелистер волеј – Универзитет во Тетово (среда, 19.30)


Работнички Скопје – Виктори волеј (среда, 16.30)


Работнички Жени – УГД Студент Жени (среда, 16.00)

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

Јанта волеј – Наковски волеј 3:2 (25:18, 22:25, 20:25, 26:24, 15:12)


Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1:3 (23:25, 21:25, 25:13, 11:25)


Виктори волеј – Работнички Скопје 0:3 (20:25, 18:25, 19:25)


УГД Студент Жени – Работнички Жени 0:3 (17:25, 15:25, 18:25)

Одбојкарски куп на Македонија – четвртфинале (први натпрвари) – преглед

Шутова и Работнички – Жени со една нога влегоа во престижниот квартет

 

Купот е натпреварување за изненадувања, но во нашиот одбојкарски, барем засега, фаворитите ги оправдуваат очекувањата. Шутова убедливо ја совлада Весна Пробиштип со 3:0 во нивниот првиот четвртфинален дуел, иако се очекуваше да има поголем отпор од гостинската екипа којашто во првиот сет освои само седум поени. Реваншот на 13-ти март на пробиштипјани се уште им овозможува да се надеваат дека можат на направат пресврт, но според сите параметри тоа е тешко остварлива мисија. За да игра полуфинале, домаќинот на возвратната пресметка треба да победи со 3:0, а потоа да го добие и таканаречениот „златен“ сет до 15 поени. На сите три пресметки сезонава Шутова славеше со минимален број сетови, па и тоа е показател дека кичевци се речиси меѓу четирите.

Формален карактер ќе има и реваншот во женскиот куп меѓу УГД Студент – Жени и Работнички – Жени. Водечкиот состав во нашето првенство, којшто досега нема пораз сезонава, се радуваше на гости во Штип со 3:0 во првата четвртфинална средба од купот, така што шансите на УГД Студент – Жени постојат само на хартија. Работнички – Скопје и Пелистер волеј, исто така, остварија гостински победи во оваа фаза, а единствено интересен ќе биде реваншот меѓу Наковски волеј и Јанта волеј, откако на првиот меч скопскиот тим триумфираше со 3:2.

 

Двојки мажи:

УГД Студент – Џио Струмица 0:3 (18:25, 11:25, 18:25)


Шутова – Весна Пробиштип 3:0 (25:7, 25:20, 25:18)


Јанта волеј – Вардар (денеска, 18.00)


Лирија – Универзитет во Тетово (13.март, 18.00)

Двојки жени:

Јанта волеј – Наковски волеј 3:2 (25:18, 22:25, 20:25, 26:24, 15:12)


Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1:3 (23:25, 21:25, 25:13, 11:25)


Виктори волеј – Работнички Скопје 0:3 (20:25, 18:25, 19:25)


УГД Студент Жени – Работнички Жени 0:3 (17:25, 15:25, 18:25)

Одбојкарски куп на Македонија – четвртфинале (први натпрвари) – преглед

Гостински победи за Џио Струмица, за Пелистер волеј и за Работнички Скопје

 

Бранителот на тронот во машкиот одбојкарски куп на Македонија, екипата на Џио Струмица, одигра рутински против УГД Студент и само формално треба да го потврди пласманот во полуфиналната фаза. Струмичани вторпат сезонава ги совладаа штипските одбојкари, но за разлика од есенскиот дел во првенството, сега на гостински терен. Резултатот беше ист, 3:0, што значи дека на лидерот во Првата лига потребен му е само еден сет на реваншот пред своја публика за да го мине четвртфиналето.
Во исклучително поволна ситуација, со речиси завршена работа се и Работнички – Скопје и Пелистер волеј во женскиот куп. Составот на Работнички – Скопје третпат сезонава не му дозволи на Виктори волеј да освои сет во меѓусебните пресметки. Како и минатиот викенд во Втората фаза-1, но и есеноска во првиот дел од првенството, екипата од главниот град славеше со 3:0.
Формален би требало да биде и реваншот меѓу Пелистер волеј и Универзитет во Тетово откако битолчанки победија на гостински терен со 3:1 во првата четвртфинална пресметка од купот, а во лигашката средба во својата сала се радуваа без да загубат сет, со што покажаа дека сезонава се поквалитетен тим.
Затоа, пак се очекува голема борба на двомечот меѓу Јанта волеј и Наковски волеј. Првата половина од четвртфиналното соочување му припадна на скопскиот тим во пет сета, па конечната одлука ќе биде донесена на теренот на струмичанки. На претходните два дуела сезонава, Наковски волеј беше подобар со 3:1, но по првиот триумф на актуелните првенки над ривалките, можни се сите опции на возвратната пресметка.
Најголемиот дел од реваншите ќе бидат одиграни наредната среда. Доколку билансот во победи е 1:1, а притоа сет-количникот е идентичен, предвиден е тај-брејк до 15 поени, како решение за пласман во полуфиналето.

 

Двојки мажи:

УГД Студент – Џио Струмица 0:3 (18:25, 11:25, 18:25)

Шутова – Весна Пробиштип (денеска, 17.30)

Јанта волеј – Вардар (утре, 18.00)

Лирија – Универзитет во Тетово (13.март, 18.00)

Двојки жени:

Јанта волеј – Наковски волеј 3:2 (25:18, 22:25, 20:25, 26:24, 15:12)

Универзитет во Тетово – Пелистер волеј 1:3 (23:25, 21:25, 25:13, 11:25)

Виктори волеј – Работнички Скопје 0:3 (20:25, 18:25, 19:25)

УГД Студент Жени – Работнички Жени (денеска, 19.00)

Одбојкарски куп на Македонија – четвртфинале (први натпрвари)

Џио Струмица ќе ја почне одбраната на пехарот во Штип

 

Четвртфиналните двојки од нашиот одбојкарски куп беа одредени со ждрепка во којашто екипите и во машка и во женска конкуренција беа поделени во два квалитативни сада според пласманот во првенството. Во оваа натпреварувачка фаза ќе бидат одиграни два меча, со напомена дека тимовите со подобар рејтинг ќе ја имаат предноста на домашен терен во реваншите. Кај мажите најинтересно треба да биде во соочувањето на Шутова и на ланскиот финалист Весна Пробиштип, а кај дамите на дуелот меѓу актуелниот првак Јанта волеј и третопласираниот состав во лигата Наковски волеј.

 

Двојки мажи:

УГД Студент – Џио Струмица (утре, 18.00)


Шутова – Весна Пробиштип (четврток, 17.30)


Јанта волеј – Вардар (петок, 18.00)


Лирија – Универзитет во Тетово (13.март, 18.00)

 

Двојки жени:

Јанта волеј – Наковски волеј (утре, 20.00)

Универзитет во Тетово – Пелистер волеј (утре, 19.30)

Виктори волеј – Работнички Скопје (утре, 17.00)

УГД Студент Жени – Работнички Жени (четврток, 19.00)

Одбојкарски куп на Македонија – бараж за четвртфинална фаза

Штипјанки го искористија домашниот терен и ја продолжуваат куп-авантурата

 

Одбојкарките на УГД Студент – Жени се четвртфиналистки во одбојкарскиот куп на Македонија откако во баражот ја совладаа Ускана со 3:1 (23:25, 28:26, 25:9, 25:16). Штипјанки, кои се на врвот во Втората фаза-2 од првенството, го издржаа притисокот на ривалките кои го освоија првиот сет, а беа рамноправни во вторниот. Но по израмнувањето на 1:1, се беше на страна на домашната екипа којашто доминираше и ја оствари втората сезонска победа во досегашните два сезонски дуела со кичевки. Претходно, поради пласман од првото до седмото место во есенскиот сегмент од Првата лига, четвртфинален статус стекнаа Работнички – Жени, Работнички – Скопје, Наковски волеј, Пелистер волеј, Виктори волеј, Јанта волеј и Универзитет во Тетово.

На патот до денешниот бараж, во претколото од купот минатата среда, УГД Студент – Жени триумфираше над Македонија Макс со 3:2, а Ускана беше подобра од Бами Кор со 3:1.

Одбојкарски куп на Македонија – бараж за четвртфинална фаза

УГД Студент Жени – Ускана (среда 18.30, СС „Јордан Мијалков – Штип)

 

Поради пласман од првото до седмото место во есенскиот сегмент од Првата лига, во четвртфиналето на купот директен влез обезбедија Работнички – Жени, Работнички – Скопје, Наковски волеј, Пелистер волеј, Виктори волеј, Јанта волеј и Универзитет во Тетово

 

Одбојкарките на УГД Студент – Жени ќе ја пречекаат Ускана во натпреварот за пласман во четвртфиналето на одбојкарскиот куп на Македонија. Во претколото, штипјанки беа поуспешни од Македонија Макс со 3:2, а кичевски славеа над Бами Кор со 3:1. Со оглед на подобриот пласман во есенскиот дел од сезоната, предноста на домашниот терен ќе ја има екипата на УГД Студент – Жени којашто убедливо го доби единствениот досегашен дуел во сезоната, иако играше во гостинска сала. Во шестото коло од првенството есеноска, УГД славеше со 3:0 (25:21,25:11, 25:20), но тоа не мора да значи ништо пред куп-соочувањето, ако се знае дека Ускана се засили со девет одбојкарки во преодниот рок, а во пролетната фаза од натпреварувачката 2018/2019 двата тима остварија идентичен биланс 2-1. УГД Студент – Жени имаат победа и пораз со Македонија Макс, а во неделата славеа против Универзитет во Тетово на гости. Ускана, пак, двапати се радуваше во пресметките со Бами Кор, пред да загуби во Струмица од Македонија Макс. Според натпреварувачкиот систем, нема реванш, така што уште утре ќе биде познат последниот учесник во четвртфиналето на купот.

Одбојкарски куп на Македонија – претколо за четвртфинална фаза (преглед)

Јанта волеј и УГД Студент го комплетираа машкиот октет, а кај дамите за место во наредната фаза ќе играат УГД Студент – Жени и Ускана

 

Подобропласираните екипи во првенството ја искористија предноста на домашниот терен и поголемиот квалитет, па лесно се пласираа во четвртфиналето на машкиот одбојкарски куп на Македонија. Јанта волеј и УГД Студент им се придружија на Џио Струмица, Универзитет во Тетово, Вардар, Весна Пробиштип, Лирија и на Шутова, кои имаа директен влез во сегментот за најдобрите осум поради пласманот во есенскиот дел од Првата лига

1) „Јанта волеј“ – „Дибра волеј“ 3:0 (25:20, 25:17, 25:21)

Ако во саботата на отворањето на Втората фаза-2 во шампионатот, екипата на Јанта волеј загуби сет од Дибра волеј, на нивниот меѓусебен дуел во купот немаше никави дилеми околу победникот. Скопскиот тим ја доби пресметката на дебитантите во нашата најсилна машка одбојкарска конкуренција и на тој начин зголеми на 3-0 во меѓусебните соочувања со ривалот сезонава. Екипата на Горан Јаневиќ ја надгради успешната резултатска низа од три победи по ред во лигата, а по освојувањето на првиот сет во клупската историја токму на гостувањето во главниот град против Јанта волеј во првенството, тимот на Дибра волеј ќе се насочи кон унапредување на играта во преостанатите пет пролетни натпревари.

 

2) „УГД Студент“ – ГОК „Борец“ 3:0 (25:21, 25:11, 25:16)

Изненадување не дозволи ниту УГД Студент во мечот со ГОК Борец. Велешани беа рамноправни само во првиот сет, а во наредните два штипјани убедливо го потврдија третиот триумф на домашен терен сезонава против ривалот. Сите три средби завршија со 3:0 во полза на УГД Студент кој ја оствари целта и обезбеди четвртфинален статус во нашиот одбојкарки куп.

 

Кај дамите, УГД Студент – Жени и Ускана наредната среда ќе играат бараж натпревар за пласман во четвртфиналето на купот. Штипјанки ќе ја имаат предноста на домашната сала затоа што беа подобропласирани во есенскиот дел од шампионатот. Според тој критериум, а со оглед дека во Првата лига сезонава настапуваат единаесет екипи, седум се веќе во четвртфиналето. Победникот од последниот натпревар во претколото закажан за 27-ми февруари ќе биде во четвртфиналното друштво со Работнички – Жени, Работнички – Скопје, Наковски волеј, Пелистер волеј, Виктори волеј и со Јанта волеј.

3) „УГД Студент – Жени“ – „Македонија Макс“ 3:2 (11:25, 25:22, 25:17, 21:25, 15:8)

Штипјанки им се реваншираа на струмичанки за поразот во првиот настап во Втората фаза-2. Во саботата, Македонија Макс ја оствари првата победа во сезоната, иако есеноска не успеа да освои ниту еден сет, но во меѓусебниот дуел од купот, УГД Студент – Жени славеше по голема борба и исчекори кон четвртфиналето. Знаејќи каков тек имаше првенствената пресметка, можеше да се претпостави дека натпреварот ќе мине во целосна неизвесност. Гостинките убедливо го освоија првиот, потоа израмнија на 2:2, но немаа сили во петтиот сет, па УГД Студент – Жени се пласираше во баражот против Ускана.

 

4) „Ускана“ – „Бами Кор“ 3:1 (25:14, 28:26, 19:25, 25:14)

На двете претходни сезонски средби Ускана и Бами Кор одиграа со многу резултатски пресврти и по пет сета, но вчера кичевки се радуваа со 3:1, поведоа во билансот со тетовските ривалки со 2-1 и се доближија до четвртфиналето од купот. Реновираниот тим со дури девет нови одбојкарки го искористи домашниот терен, па освен силниот отпор, Бами Кор немаше можност да победи како што го стори тоа во Кичево во есенскиот сегмент од лигата.

Одбојкарски куп на Македонија – претколо за четвртфинална фаза

На почетокот на купот, реприза на воведните натпревари од втората фаза од првенството

 

Џио Струмица, Универзитет во Тетово, Вардар, Весна Пробиштип, Лирија и Шутова се во четвртфиналето во машка, а кај жените, Работнички – Жени, Работнички – Скопје, Наковски волеј, Пелистер волеј, Виктори волеј, Јанта волеј и Универзитет во Тетово се меѓу осумте најдобри во купот за сезоната 2018/2019. Ваквото натпреварувачко стебло е резултат на пласманот на екипите во есенскиот дел од Првата лига, којшто беше единствен критериум за одредување и на двојките во претколото од купот. Кај мажите, четири екипи ќе се борат за двете слободни места во четвртфианлето, а кај дамите во игра се исто така четири тима, но за еден четвртфинален билет. Во овој сегмент од купот ќе биде одигран само еден натпревар на теренот на подобропласираната екипа од лигата

 

1) „Јанта волеј“ – „Дибра волеј“ (денеска, 17.00)

Иако во саботата на теренот на противникот го освоија првиот сет во сезоната, одбојкарите на Дибра волеј и натаму се носители на аутсајдерската ролја во пресметките со Јанта волеј. Во двата досегашни првенствени дуела на дебитантите во најсилната одбојкарска конкуренција кај нас, скопскиот тим славеше две победи, во осмото коло во Дебар со 3:0 (25:14, 25:8, 25:18), а во саботата во првата рунда од Втората фаза-2 со 3:1 (21:25, 25:10, 25:17, 25:12). Јанта волеј е во серија од три победи во шампионатот, а Дибра волеј се уште нема триумф, па се освен успех на составот на тренерот Горан Јаневиќ би бил сензационален резултат.

 

2) „УГД Студент“ – ГОК „Борец“ (среда, 20.00)

Слични се позициите на ривалите и во штипскиот натпревар од претколото во купот. УГД Студент важи за апсолутен фаворит против ГОК Борец затоа што досега има биланс 3-7, наспроти 1-9 на велешани кои не освоија ниту еден сет на двете сезонски гостувања кај противникот. Пред три дена беше 3:0 (25:13, 28:26, 25:14), а во шестото коло есеноска исто така 3:0 (25:23, 25:16, 25:16). Со оглед дека во претколото од купот нема реванши, и на овој меч постојат само теоретски пшанси за изненадување.

 

Поради тоа што во Првата лига настапуваат десет екипи, последните два учесника во четвртфиналето од машкиот одбојкарски куп на Македонија ќе бидат познати по одигрување на натпреварите од претколото. Кај дамите, во Првата лига има единаесет екипи, така што според пласманот, седум се веќе четвртфиналисти во купот, а преостанатите четири ќе играат за едно слободно место. Оттука, победниците од натпреварите УГД Студент – Жени – Македонија Макс и Ускана – Бами Кор, наредната среда на 27-ми февруари ќе одиграат уште еден меч на теренот на подобропласираната екипа од шампионатот, а победникот од тоа соочување ќе биде осми патник во четвртфиналето од купот.

 

3) „УГД Студент – Жени“ – „Македонија Макс“ (среда, 18.00)

Во есенскиот дел од Првата лига, одбојкарките на Македонија Макс не освоија ниту еден сет, но во првиот настап во Втората фаза-2 изненадија со првата сезонска победа против УГД Студент – Жени. Важноста на тој успех е голема од аспект на самодовербата пред нивното утрешно соочување во купот, исто така на теренот на штипјанки. Тимот на УГД Студент – Жени досега има четири првенствени триумфи и е во трка за освојување на седмото место во конечното рангирање на крајот на сезоната, а беше подобра екипа и во меѓусебната пресметка есеноска на свој терен со 3:0 (25:18, 25:10, 25:12). Сепак, и покрај предноста на својата сала, саботната победа на струмичанки со 3:1 (25:13, 24:26, 16:25, 13:25) ги остава отворени картите во пресрет на оваа средба.

 

4) „Ускана“ – „Бами Кор“ (среда, 18.30)

Ускана и Бами Кор сезонава одиграа два натпревара со по пет сета во коишто имаше пресврти, а на нив двете екипи остварија по една победа. Оттука, неизвесна пресметка се очекува и во купот, со напомена дека кичевки можеби ќе бидат во мала предност поради домашниот терен и поради тоа што во преодниот рок се засилија со дури девет одбојкарки. Во првиот настап во Втората фаза-2, Ускана пред три дена славеше со 3:2 (25:21, 23:25, 21:25, 25:18, 15:12), а во есенскиот сегмент беше 3.2 за Бами Кор (25:22, 24:26, 25:17, 19:25, 19:21), исто така во Кичево.