Category: Куп на ОФМ

Четвртфиналните двојки навидум споија фаворит и аутсајдер на хартија

 

Ждрепката за четвртфиналето на македонскиот одбојкарски куп не донесе дерби натпревари во фазата на најдобрите осум. Водечкиот тим во првенството, Џио Струмица, ќе игра со Лирија, второпласираниот Универзитет во Тетово ќе ги одмери силите со Весна Пробиштип, Штип УГД Штип ќе го предизвика Вардар, а Шкендија ќе бара влез во полуфиналето против ГОК Борец.

 

Кај дамите најнеизвесно би требало да биде во двомечот на Наковски волеј и на Јанта волеј Кисела вода, последниот освојувач, Работнички Скопје, ќе сервира против Пелистер волеј, Вардар жени против Универзитет во Тетово, а Струмица жени против Јанта волеј Форца. 

 

Термините за четвртфиналето се 10-ти и 17-ти овој месец, а доколку биде нерешено и со идентичен сет-количник, ќе одлучува таканаречен “златен сет” до 15 поени.

Без мака за фаворитите, Јанта волеј Форца и Пелистер волеј се радуваа во најнеизвесните натпревари

 

Со оглед дека двојките беа одредени според пласманот од есенскиот дел од сезоната, осминафиналното разигрување во македонскиот одбојкарски куп мина очекувано, со доминација на фаворитите. Работнички Скопје, Струмица жени, Наковски волеј, Универзитет во Тетово, Пелистер волеј и Јанта волеј Форца им се придружија на Вардар жени 2019 и на Јанта волеј Кисела вода во четвртфиналната фаза, во којашто, за разлика од почетната, ќе бидат играни два натпревара.

 

Во машка конкуренција, поради тоа што во сениорската лига настапуваат десет екипи, шест од нив автоматски обезбедија место меѓу осумте најдобри, а во осминафиналното разигрување учествуваа четири. Лирија беше поуспешна од Дибра волеј, а Весна Пробиштип го искористи домашниот терен против Јанта волеј, па тимот од Жеровјане и зелено-црните пробиштипјани ќе бидат дел од утрешната ждрепка за четвртфиналните двојки. Во неа се и шесте најдобропласирани на табелата во првенството: Џио Струмица, Универзитет во Тетово, Вардар, ГОК Борец, Шкендија и Штип УГД Штип.

 

Ждрепката ќе биде полудиригирана, а за тој дел се предвидени два меча. Доколку резултатот во победи е нерешен, а сет-количникот е идентичен, предвиден е таканаречен „златен сет“ до 15 поени. Истиот принцип ќе важи и за полуфиналето, доколку нема желба и одлука да биде органиизиран завршен турнир на елитниот квартет. Терминот за воведните натпревари од четвртфиналето е 10-ти овој месец, а реваншите ќе бидат закажани седум дена подоцна.

 

Македонски одбојкарски куп (1/8-финално разигрување-жени)

Работнички Скопје* – Бами Кор 3:0 (25:10, 25:7, 25:12)
Струмица жени* – Македонија Макс 3:0 (25:23, 25:17, 25:21)
Наковски волеј* – УГД Студент 3:0 (25:11, 25:20, 25:22)
Универзитет во Тетово* – Ускана 3:1 (25:23, 23:25, 25:13, 25:19)
Пелистер волеј* – Виктори волеј 3:1 (21:25, 25:22, 25:23, 25:21)
Фит фан волеј – Јанта волеј Форца* 2:3 (16:25, 25:19, 20:25, 25:21, 9:15)

 

Македонски одбојкарски куп (1/8-финално разигрување-мажи)

Лирија* – Дибра волеј 3:0 (25:13, 25:11, 25:14)
Весна Пробиштип* – Јанта волеј 3:0 (26:24, 25:19, 25:18)

Куп-натпреварите ја отвораат клупската сезона 2020/21

 

Откако годината почна со репрезентативен успех и со пласман на македонските одбојкари на Европското првенство годинава, а до нивната следна активност – учеството во Европската лига, на сцена повторно ќе биде домашната клупска одбојка. Вториот дел од календарот за сезоната 2020/21 ќе почне со куп-натпреварите, со осминафиналното разигрување во двете конкуренции, по што претстојниот викенд ќе продолжи првенството во двете сениорски лиги.

 

Со оглед дека во нашата женска одбојка има повеќе екипи, првата етапа од купот ќе биде пофрекфентна во однос на мажите. Ќе содржи шест натпревари во коишто ќе играат екипите пласирани од второто до седмото место во двете групи во есенската фаза од сезоната, а двете најдобри, Вардар жени 2019 и Јанта волеј Кисела вода, автоматски обезбедија учество во четвртфиналето. Во него ќе бидат и поуспешните од утрешните средби закажани на теренот на тимовите коишто имаа подобар пласман во првиот дел од првенството. Оттука, Работнички Скопје е голем фаворит против Бами Кор, исто како и Струмица жени во пресметката со Македонија Макс и Наковски волеј во соочувањето со УГД Студент. Универзитет во Тетово ќе се сретне со Ускана, а поголема битка може да се очекува на мечевите меѓу Пелистер волеј и Виктори волеј, односно меѓу Фит фан волеј и Јанта волеј Форца.

 

Како и кај дамите, реванши не се предвидени ниту во осминафиналното разигрување кај мажите. Лирија ќе се сретне со Дибра волеј, а Весна Пробиштип со Јанта волеј во единствените два натпревара од овој сегмент, додека, пак, во четвртфиналето веќе се шесте најдобри екипи од есенсата етапа од шампионатот: Џио Струмица, Универзитет во Тетово, Вардар, ГОК Борец, Шкендија и Штип УГД Штип.

 

Според правилата за натпреварување, за четвртфиналето е предвидена полудиригирана ждрепка, а за тој дел се предвидени два меча. Доколку резултатот во победи е нерешен, а сет-количникот е идентичен, предвиден е таканаречен „златен сет“ до 15 поени. Истиот принцип ќе важи и за полуфиналето, доколку нема желба и одлука да биде органиизиран завршен турнир на четирите најдобри.

 

Македонски одбојкарски куп (1/8-финално разигрување-жени)

Работнички Скопје – Бами Кор (утре, 17.00)
Струмица жени – Македонија Макс (утре, 17.00)
Наковски волеј – УГД Студент (утре, 18.00)
Универзитет во Тетово – Ускана (утре, 18.00)
Пелистер волеј – Виктори волеј (утре, 20.00)
Фит фан волеј – Јанта волеј Форца (утре, 20.00)

 

Македонски одбојкарски куп (1/8-финално разигрување-мажи)

Лирија – Дибра волеј (утре, 19.30)
Весна Пробиштип – Јанта волеј (утре, 20.00)

Универзитет во Тетово, Работнички Скопје и Јанта волеј Форца го потврдија полуфиналето во купот

 

Одбојкарките на Јанта волеј Форца беа поуспешни од Наковски волеј и во реваншот од четвртфиналето на нашиот одбојкарски куп. По победата со 3:0 на домашен терен во Скопје, на екипата од Кисела вода и беше потребен само еден сет за пласман во полуфиналето, но откако го освои, забележа уште еден успех против ланскиот финалист. На тој начин, Јанта волеј Форца остана во конкуренција за освојување на куп пехарот заедно со Работнички Скопје, којшто вчера вторпат славеше над Пелистер волеј, сега во својата сала, исто така, со 3:0. Меѓу четирите најдобри уште претходно влегоа составите на Вардар жени и на Струмица жени.

 

Особена резултатска неизвесност немаше ниту на машките дуели, па Универзитет во Тетово со два триумфа во три сета беше посупешен од Штип УГД Штип, на вчерашниот реванш пред своите навивачи. Џио Струмица и Лирија очекувано обезбедија полуфинален статус, а формално тоа треба да го направи и водечкиот во првенството Вардар, којшто обезбеди гостинска предност над Весна Пробиштип со 3:0. Реваншот од овој двомеч е закажан за в среда.

Одбојкарски куп на Македонија (мажи), четвртфинале мажи (реванши)

Универзитет во Тетово* – Штип УГД Штип 3:0 (25:23, 25:13, 25:15)
Лирија* – Шкендија 3:0 (25:14, 25:13, 25:13)
Џио Струмица* – Дибра волеј (службено 3:0)
Вардар – Весна Пробиштип (4.март)

 


Одбојкарски куп на Македонија (мажи), четвртфинале (први натпревари)
Дибра волеј – Џио Струмица (службено 0:3)
Весна Пробиштип – Вардар 0:3 (10:25, 15:25, 13:25)
Шкендија – Лирија 0:3 (17:25, 19:25, 17:25)
Штип УГД Штип – Универзитет во Тетово 0:3 (18:25, 18:25, 17:25)

 

Одбојкарски куп на Македонија (жени), четвртфинале (реванши)

Работнички Скопје* – Пелистер волеј 3:0 (25:10, 25:15, 25:15) 
Наковски волеј – Јанта волеј Форца* 0:3 (18:25, 19:25, 23:25) 
Струмица жени* – УГД Студент жени 3:1 (25:10, 25:12, 15:25, 25:17)
Вардар жени* – Виктори волеј 3:0 (25:11, 25:10, 25:17)


Одбојкарски куп на Македонија (жени) четвртфинале (први натпревари)

Пелистер волеј – Работнички Скопје 0:3 (10:25, 11:25, 16:25)
Јанта волеј Форца – Наковски волеј 3:0 (25:17, 25:23, 25:22)
УГД Студент жени – Струмица жени 1:3 (11:25, 26:24, 12:25, 11:25)
Виктори волеј – Вардар жени 0:3 (17:25, 4:25, 8:25)

Струмица жени и Лирија им се придружија на Џио Струмица и на Вардар жени во полуфиналето на купот

 

Според резултатите од првите натпревари од четвртфиналето на купот, како и квалитетот на екипите, во реваншите од оваа фаза би требало да има неизвесност само на пресметката меѓу Наковски волеј и Јанта волеј Форца. Струмичките одбојкарки лани играа во завршниот меч за пехарот, но доколку сакаат да останат на патот кон истиот успех, денеска треба да надополнат негатива од 3:0 од првата пресметка со скопските ривалки. Екипата на Јанта волеј Форца ја искористи домашната сала за победа со 3:0 минатата среда, така што сега и е потребен само еден сет за да се пласира меѓу четирите најдобри. Ако Наковски волеј успее да слави со 3:0 и со тоа да ја анулира предност на противничките, тогаш за пласман во полуфиналето ќе решава таканаречен „златен“ сет до 15 поени.

 

Во следната натпреварувачка рунда е дебитантот Струмица жени откако во четвртфиналето со две победи со 3:1 го елиминираше тимот на УГД Студент жени, на првото соочување во Штип, а на вчерашното пред своите навивачи. Полуфинален статус обезбеди и водечкиот во првенството, Вардар жени, којшто не загуби сет на двете пресметки со Виктори волеј, а фаворитската улога веќе ја потврди Работнички Скопје против Пелистер волеј. Бранителките на тронот во Битола славеа со 3:0, па резултатска формалност би требало да има денешниот реванш во главниот град.

 

Во машка конкуренција, ланскиот освојувач Џио Струмица службено го доби двомечот со Дибра волеј, а за годинашиот трофеј ќе продолжат да играат и одбојкарите на Лирија коишто двапати беа поуспешни во локалната пресметка со Шкендија со 3:0. Таква предност во средбите на гостински терен остварија и Вардар и Универзитет во Тетово, па на реваншите треба само да го потврдат пласманот во полуфиналето. Универзитет во Тетово денеска ќе го пречека составот на Штип УГД Штип, а Вардар на 4-ти март ќе се сретне со Весна Пробиштип.

 

Одбојкарски куп на Македонија (мажи), четвртфинале мажи (реванши)

Универзитет во Тетово – Штип УГД Штип (денеска, 18.00)
Лирија* – Шкендија 3:0 (25:14, 25:13, 25:13)
Вардар – Весна Пробиштип (4.март)
Џио Струмица* – Дибра волеј (службено 3:0)

Одбојкарски куп на Македонија (мажи), четвртфинале (први натпревари)

Дибра волеј – Џио Струмица (службено 0:3)
Весна Пробиштип – Вардар 0:3 (10:25, 15:25, 13:25)
Шкендија – Лирија 0:3 (17:25, 19:25, 17:25)
Штип УГД Штип – Универзитет во Тетово 0:3 (18:25, 18:25, 17:25)

 

Одбојкарски куп на Македонија (жени), четвртфинале (реванши)

Работнички Скопје – Пелистер волеј (денеска, 15.00)
Наковски волеј – Јанта волеј Форца (денеска, 18.00)
Струмица жени* – УГД Студент жени 3:1 (25:10, 25:12, 15:25, 25:17)
Вардар жени* – Виктори волеј 3:0 (25:11, 25:10, 25:17)

Одбојкарски куп на Македонија (жени) четвртфинале (први натпревари)

Пелистер волеј – Работнички Скопје 0:3 (10:25, 11:25, 16:25)
Јанта волеј Форца – Наковски волеј 3:0 (25:17, 25:23, 25:22)
УГД Студент жени – Струмица жени 1:3 (11:25, 26:24, 12:25, 11:25)
Виктори волеј – Вардар жени 0:3 (17:25, 4:25, 8:25)

Голема победа на Јанта волеј Форца во четвртфиналето на купот

 

Одбојкарките на Јанта волеј Форца славеа над Наковски волеј со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на македонскиот одбојкарски куп. Двократните шампионки максимално го искористија домашниот терен, па за пласман меѓу четирите најдобри потребен им е само еден сет на гостувањето во Струмица на реваншот наредната недела. Доколку сака да остане на патот на ланскиот успех кога играше во финалето, Наковски волеј треба да го добие тој натпревар со 3:0, а потоа и таканаречениот „златен“ сет до 15 поени. На другите средби во женска конкуренција, фаворитките лесно победија во туѓа сала. Бранителките на трофејот славеа во три сета против Пелистер волеј, Вардар жени на ист начин го победи Виктори волеј, а Струмица жени загуби сет, но триумфираше во Штип против УГД Студент жени.

 

Во машка конкуренција, Џио Струмица е веќе полуфиналист откако Дибра волеј претрпе службен пораз затоа што немаше доволен број одбојкари за мечевите во салата „Парк“. Клубовите се договорија да ги одиграат двата меча во Струмица, но воопшто немаше одбојка, па освојувачот на ланската двојна круна без борба ја мина оваа рунда. Формално тоа останува да го сторат и Вардар, Универзитет во Тетово и Лирија, коишто остварија победи на теренот на ривалите во првите пресметки. Ниту еден од нив не загуби сет, Вардар кај Весна Пробиштип, Универзитет во Тетово кај УГД Студент, а Лирија во локалната пресметка со Шкендија.

 

Одбојкарски куп (мажи), четвртфинале, први натпревари

Дибра волеј – Џио Струмица 0:3/0:3 (службен резултат)
Весна Пробиштип – Вардар 0:3 (10:25, 15:25, 13:25)
Шкендија – Лирија 0:3 (17:25, 19:25, 17:25)
УГД Студент – Универзитет во Тетово 0:3 (18:25, 18:15, 17:25)

 

Одбојкарски куп (жени), четвртфинале, први натпревари

Виктори волеј – Вардар жени 0:3 (17:25, 4:25, 8:25)
Пелистер волеј – Работнички Скопје 0:3 (10:25, 11:25, 16:25)
УГД Студент жени – Струмица жени 1:3 (11:25, 26:24, 12:25, 11:25)
Јанта волеј Форца – Наковски волеј 3:0 (25:17, 25:23, 25:22)

***Реваншите се закажани за 26. февруари 

Виктори волеј и Вардар жени го отвораат четвртфиналниот чин од купот

 

Најдобрите осум екипи во одбојкарскиот куп на Македонија во двете конкуренции до крајот на месецов ќе ја одиграат четвртфиналната фаза. Со оглед дека во ждрепката имаше два квалитативни сада, не постоеше опција да има натпревар со епитетот дерби, но тоа не значи дека некој од тимовите со полоши резултати во првенството нема да се обидат да направат изненадување, особено во првите средби на домашен терен.

 

Виктори волеј и Вардар денеска во Струмица ќе бидат противници во премиерниот меч од женското четвртфинале. Скопските одбојкарки ја имаат фаворитската улога, затоа што во првенството забележаа само еден пораз, исто како и бранителките на ланскиот трофеј, одбојкарките на Работнички Скопје, коишто ќе му гостуваат на Пелистер волеј. Струмица жени ќе гостува кај УГД Студент, а во единствениот дуел на состави од поквалитетна првенствена фаза, Јанта волеј Форца ќе се обиде да оствари позитива против Наковски волеј пред реваншот во салата на ланскиот финалист.

 

Кај мажите, Џио Струмица и Добра волеј се договорија двата натпревара да ги одиграат утре во салата “Парк” во Струмица, а според квалитетот, епилогот е однапред познат. Неизвесност може да се очекува на локалното соочување меѓу Шкендија и Лирија, додека, пак, водечкиот во првенството Вардар е фаворит против Весна Пробиштип, исто како ланскиот финалист Универзитет во Тетово против УГД Студент.

 

Реваншите се предвидени за 26-ти, а во случај да биде 1-1 во победи со идентичен сет-количник, за пласман во полуфиналето ќе решава “златен” сет до 15 поени.

 

Одбојкарски куп (мажи), четвртфинале, први натпревари

Дибра волеј – Џио Струмица (утре, 17.00 и 19.00)
Весна Пробиштип – Вардар (утре, 19.30)
Шкендија – Лирија (утре, 19.30)
УГД Студент – Универзитет во Тетово (утре, 19.00)

Одбојкарски куп (жени), четвртфинале, први натпревари

Виктори волеј – Вардар жени (денеска, 19.30)
Пелистер волеј – Работнички Скопје (утре, 20.00)
УГД Студент жени – Струмица жени (утре, 16.30)
Јанта волеј Форца – Наковски волеј (утре, 17.00)

***Реваншите се закажани за 26. февруари

Ждрепка за четвртфиналните натпревари во купот во двете конкуренции

 

Без класично дерби кај мажите, а со два интересни дуела кај дамите. Денешната полудиригирана ждрепка за четвртфиналето на одбојкарскиот куп секако не можеше да донесе судири на најголемите фаворити за пехарот, којшто го бранат екипите на Џио Струмица и на Работнички Скопје. Кај мажите, струмичани за противник го добија тимот на Дибра волеј, а во пресметката на состави од главната лигашка фаза, Вардар ќе се сретне со Весна Пробиштип. Шкендија ќе игра со Лирија, додека, пак, УГД Студент ќе сервира против Универзитет во Тетово. Тоа ќе биде соочување на екипи коишто во учествуваат во помалку атрактивниот дел, а тоа е Втората фаза-2.

 

Кај дамите се очекува да биде поинтересно, бидејќи ждрепката одреди две двојки на екипи од Втората фаза-1 во шампионатот, односно аспиранти за пласман во разигрувањето. Шестопласираниот Виктори волеј во првиот меч ќе го пречека второпласираниот состав на Вардар жени, а тимот на Јанта волеј Форца, којшто е петти, на првата четвртфинална средба од купот ќе истрча во своја сала против ланскиот финалист Наковски волеј. Работнички Скопје е фаворит против Пелистер волеј, а Струмица жени против УГД Студент жени.

 

Првите натпревари од купот се закажани за наредната среда (19-ти февруари), а реваншите се седум дена подоцна. Доколку резултатот во победи и сет-количникот биде идентичен, за пласман во полуфиналето ќе решава таканаречен „златен“ сет до 15 освоени поени.

 

Одбојкарски куп (мажи), четвртфинале, први натпревари (19.февруари)

Дибра волеј – Џио Струмица


Весна Пробиштип – Вардар


Шкендија – Лирија


УГД Студент – Универзитет во Тетово

 

Одбојкарки куп (жени), четвртфинале, први натпревари (19.февруари)

Пелистер волеј – Работнички Скопје


УГД Студент жени – Струмица жени


Виктори волеј – Вардар жени


Јанта волеј Форца – Наковски волеј

***Реванш натпреварите се закажани за 26-ти овој месец

Немаше изненадувања во првата рунда од женскиот одбојкарски куп

 

Фаворитите обезбедија четвртфинален настап

 

Покрај, Јанта волеј Форца, Виктори волеј, УГД Судент жени и Пелистер волеј, во четвртфиналното друштво се и Работнички Скопје, Вардар жени, Наковски волеј и Струмица жени. Ждрепката е утре од 13 часот, првите натпревари се закажани за 19-ти, а реваншите за 26-ти февруари.

Во машка конкуренција немаше претколо затоа што ГОК Борец се откажа, па Дибра волеј ќе биде осмата екипа во четвртфиналето на купот заедно со најдобрите седум од шампионатот досега: Вардар, бранителот на титулата Џио Струмица, Лирија, Универзитет во Тетово, УГД Студент, Весна Пробиштип и Шкендија.

 

Првите натпревари во календарската година донесоа очекувани резултати во претколото за четвртфинале во купот во женска конкуренција. Екипите коишто во есенскиот дел од сезоната беа подобропласирани во првенството, го искористија домашниот терен и обезбедија место меѓу осумте најдобри. Во тој натпреварувачки сегмент се и бранителките на двојната круна, одбојкарките на Работнички Скопје, како и тимовите на Вардар жени, на Наковски волеј и на Струмица жени, коишто во Првата лига ги зазедоа водечките четири позиции на табелата, а со тоа обезбедија директно четвртфинале во купот.

 

Јанта волеј Форца ја потврди фаворитската улога против Бами Кор и вторпат сезонава славеше над ривалот со максмални 3:0. Претходно, на гостински терен во шампионатот, а вчера во својата сала во купот. Тетовки останаа без освоен сет сезонава и по овој натпревар. Со ефект 2-0 во меѓусебните дуели е и Виктори волеј против Ускана. Струмичките одбојкарки коишто во лигата обезбедија учество во главната фаза напролет, ги совладаа противничките со 3:1, исто како што беше и на есенскиот лигашки меч во Кичево. УГД Студент жени и Универзитет во Тетово ја одиграа првата средба сезонава, затоа што тетовки не допатуваа во Штип на лигашкиот натпревар. Во пресметката на двата состава коишто пролетва ќе играат во Втората фаза-2, значи во понеквалитетната половина, УГД Студент се радуваше со 3:1 и ја оствари целта. На ист начин, во четири сета, Пелистер волеј славеше над Македонија Макс, што значи дека струмичанки не успеаја да се одмаздат за домашниот пораз со идентичен резултат во лигашката пресметка во првиот дел од сезоната. Македонија Макс почна според желбите, го освои првиот сет, но битолчанки направија пресврт и влегоа во елитниот октет.

 

ПРЕТКОЛО ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ЖЕНИ):

Јанта волеј* – Бами Кор 3:0 (25:21, 25:14, 25:13)

Виктори волеј* – Ускана 3:1 (25:10, 25:23, 22:25, 25:13)

УГД Студент жени* – Универзитет во Тетово 3:1 (25:22, 20:25, 25:21,
25:18)

Пелистер волеј* – Македонија Макс 3:1 (21:25, 25:13, 25:13, 25:19)

***Првите четвртфинални натпревари во машка и во женска конкуренција се закажани за 19-ти, а реваншите за 26-ти овој месец

Одбојкарски куп на Македонија – претколо за четвртфинале (жени)

 

Четири натпревари кај дамите, Дибра волеј директно меѓу осумте

 

Вториот дел од сезоната на одбојкарските терени кај нас ќе почне со натпреварите од претколото за четвртфинале во купот во женска конкуренција. Во оваа фаза ќе играат осумте екипи коишто во есенскиот сегмент во првенството остварија пласман од петтото до 12-тото место. Според правилата, во домашна сала ќе настапат тимовите коишто во лигата остварија подобар пласман, а со оглед дека нема реванши, туку победниците директно ќе одат во четвртфиналето, тоа за нив ќе биде голема предност во обидот да стигнат што подалеку во македонскиот одбојкарски куп.

 

Јанта волеј Форца е апсолутен фаворит против Бами Кор. Двократните шампионки убедливо славеа на првиот меѓусебен меч сезонава одигран во Тетово во Првата лига, а ако се знае дека Бами Кор на 11 средби досега не освои ниту еден сет, јасно е дека во Кисела вода утре, одбојкарките на Јанта волеј Форца не би требало да имаат проблеми да ја остварат целта.

 

Иако можеби разликата во резултатите не е толку силно изразена, екипата на Виктори волеј, исто така, ја носи фаворитската ролја пред соочувањето со Ускана. Струмичкиот состав оствари шест победи и беше шести во Првата лига, така што обезбеди влез во Втората фаза -1, а кичевки се радуваа на две пресметки со тетовските екипи, што значи дека имаа подобар ефект само од Бами Кор. Виктори волеј трумфираше против Ускана на гости со 3:1 во меѓусебиот натпревар, па и тоа е силен показател во полза на домашниот состав на утрешната пресметка.

 

УГД Студент жени ќе го пречека Универзитет во Тетово во нивниот прв дуел сезонава. Во првенството тетовки не допатуваа во Штип, така што пропуштија можност да играат за четвртата лигашка победа во првата полуетапа. Во неа екипата на УГД Студент жени оствари четири успеси и во Втората фаза -2 ќе почне со најдобри бројки, а со оглед на поддршката на публиката, тоа би требало да значи дека е поблиску до четвртфиналето, барем според показателите на хартија, коишто велат дека најинтересно во оваа фаза на купот треба да биде на утрешната пресметка меѓу Пелистер волеј и Македонија Макс. Во Првата лига двата состава забележаа по три победи, а битолчанки беа осми поради бод повеќе од ривалките. Струмичките одбојкарки го загубија директниот лигашки натпревар на свој терен есеноска со 3:1, па ќе имаат мотив за одмазда против тимот којшто лани беше во друштвото на најдобрите шест во лигата, а сезонава не успеа да го повтори тој успех.

 

Според пласманот од првото до четвртото место во лигата, бранителките на двојната круна, одбојкарките на Работнички Скопје, како и Вардар жени, ланскиот финалист Наковски волеј и Струмица жени обезбедија директно учество во четвртфиналето на купот. Кај мажите, претколо нема да има затоа што екипата на ГОК Борец се откажа од натпреварувањето во купот, па Дибра волеј им се придружи на шесте најдбри во првенството коишто обезбедија директен влез меѓу осумте, а тоа се: Вардар, бранителот на титулата Џио Струмица, Лирија, Универзитет во Тетово, УГД Студент и Весна Пробиштип.

 

ПРЕТКОЛО ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ЖЕНИ):

Јанта волеј – Бами Кор (утре, 21.00)

Виктори волеј – Ускана (утре, 16.30)

УГД Студент жени – Универзитет во Тетово (утре, 18.00)

Пелистер волеј – Македонија Макс (утре, 19.00)

***Првите четвртфинални натпревари во машка и во женска конкуренција се закажани за 19-ти, а реваншите за 26-ти овој месец