Category: Квалификации за ЕП 2019

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2019 (МАЖИ) – резултати и табела

ГРУПА „ЕФ“

1.КОЛО (15.08.2018)

УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА                  2:3 (23:25, 23:25, 25:23, 25:23, 14:16)

УКРАИНА – УНГАРИЈА                            3:0 (25:16, 25:16, 25:20)

 

2.КОЛО (18/19.08.2018)

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА                  2:3 (27:25, 26:24, 20:25, 20:25, 12:15)

ШВАЈЦАРИЈА – УНГАРИЈА                     2:3 (23:25, 25:21, 19:25, 25:23, 13:15)

 

3.КОЛО (22.08.2018)

МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА            2:3 (25:21, 21:25, 23:25, 25:19, 12:15)

УКРАИНА – УНГАРИЈА                            3:0 (25:15, 27:25, 25:19)

 

4.КОЛО (25.08.2018)

ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА            2:3 (21:25, 19:25, 25:16, 25:23, 12:15)

УНГАРИЈА – УКРАИНА                            1:3 (26:28, 20:25, 25:19, 24:26)

 

5.КОЛО (05.01.2019)

УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА                    3:1 (25:19, 28:26, 23:25, 25:23)

УНГАРИЈА – ШВАЈЦАРИЈА                     2:3 (25:22, 25:22, 20:25, 21:25, 8:15)

 

6.КОЛО (09.01.2019)

МАКЕДОНИЈА –УНГАРИЈА                    3:0 (25:21,25:20, 25:21)

ШВАЈЦАРИЈА – УКРАИНА                       2:3 (20:25,28:26, 21:25, 25:15, 14:16)

 

ТАБЕЛА:                         победи/порази                 бодови       сет-количник       поен-количник

1.УКРАИНА                            6-0                               (16)                (18-6)              (572-512)

2.МАКЕДОНИЈА                  3-3                               (9)                   (14-13)            (595-594)

3.ШВАЈЦАРИЈА                    2-4                               (7)                  (12-16)            (581-600)

4.УНГАРИЈА                          1-5                               (4)                  (8-17)              (534-576)

 

Квалификации за ЕП 2019 (Белгија, Франција, Холандија, Словенија)

 

Сонот трае, одбојкарите веруваат и ветуваат борба

Македонските одбојкари денеска ќе ја почнат мисијата „завршни два чекора за пласман на претстојното Европско првенство“! По собирот на којшто се очекува да се појават сите повикани репрезентативци, од утре па до 9-ти јануари, националниот состав ќе има само еден слободен ден (на 31-ви декември). Во најважниот период за македонската одбојка, црвено-жолтите ќе одиграат две пријателски средби со Албанија, за темпирање на формата пред последните квалификациски предизвици.

 

Двете августовски победи над Унгарија и над Швајцарија на гости им овозможија на македонските одбојкари да се надеваат на настап на Европското првенство наредната година. Покрај четирите кодомаќини, уште осум селекции се веќе дел од континенталниот собир којшто е со проширен формат и првпат ќе биде со учество на 24 репрезентации. Оттука Македонија има отворен пат да обезбеди историски прв настап на голем собир, а со тоа да го оствари не само најдобриот резултат на оваа генерација, туку и најдобриот воопшто во нашата репрезентативна одбојка.

 

Македонија на 5-ти јануари (сабота) ќе и гостува на Украина во Запорожје. Натпреварот ќе почне во 19 часот по наше време. Четири дена подоцна, в среда на 9-ти јануари, во салата „Кале“ во Скопје ќе ја пречекаме Унгарија од 20 часот и 15 минути. Од двата натпревара Македонската телевизија ќе емитува директни преноси на првиот канал.

Во квалификацискатагрупа „Еф’, Македонија забележа две победи, а двапати беше поразена, притоа играјќи по пет сета на сите натпревари. Украинците се први со максимални четири победи, а Швајцарија и Унгарија се зад нас со биланс 1-3. Тоа значи дека Македонија би можела да заврши второпласирана и да се надева дека тоа ќе биде доволно заместо на Европското првенство на коешто ќе играат првопласираните и пет од вторпласираните селекции во седумте групи. Затоа на 5-ти јануари во Украина треба да се обидеме да направиме подвиг, а потоа на 9-ти во салата на СРЦ „Кале“ против Унгарија да оствариме очекуван триумф од 3:0 или од 3:1. Со оглед дека во табелата на второпласираните репрезентации нема да се важат резултатите од натпреварите со оние што ќе завршат последни во групите, постојат многу комбинации за тоа што е, а што не е доволно за да се пласираме на еврошампионатот. Оттука нам ни одговара Швајцарија да биде четврта, за да нема влијание нашиот пораз од нив во Скопје. Во таков случај, ние најмалку би имале две победи над Унгарија и пет бода од четрите натпревари коишто би важеле во поредокот на второпласираните. Ова е под претпоставка во Украина да не освоиме два сета, а со тоа и бод. Засега е тешко да се направи математика затоа што неизвесно е како ќе се одвиваат работите во другите групи, но Македонија е резултатски блиску, а со Ѓоко Јосифов на среден блокер би требало да биде и играчки посилна и со повеќе опции за селекторот Никола Матијашевиќ. Како и да е, не преостанува ништо друго освен она што го порача капитенот Никола Ѓорѓиев пред денешниот собир за почетокот на подготовките, а тоа „борба, борба, борба…“. Се разбира дека потребни се и квалитетни тренинзи, посветеност и два добри пријателски натпревара претстојниот викенд во Скопје со Албанија. Првиот е од затворен, а вториот в недела од 20 часот во салата „Градски парк“ во Скопје  ќе биде од отворен карактер. Од него Македонската телевизија ќе емитува директен пренос на Собранискиот сервис на МРТ.

 

Селекторот Никола Матијашевиќ ќе работи со 14 одбојкари за претстојните квалификациски натпревари со Украина и со Унгарија. Во однос на августовскиот термин, ново име е средниот блокер Ѓоко Јосифов, кој се враќа во националниот состав за да ја засили дефицитарната позиција. Стојан Илиев реши да го прескокне овој циклус и да се подготвува за клупските настапи. За јануарските натпревари ќе конкурираат:

1.Дарко Ангеловски – либеро 1

2.Ѓорѓи Ѓорѓиев – техничар

3.Ѓоко Јосифов – среден блокер

4.Никола Ѓорѓиев – коректор

5.Владо Милев – примач

6.Филип Деспотовски – техничар

7.Славе Наков – среден блокер

8.Александар Љафтов – примач

10.Тино Шулајковски – среден блокер

12.Филип Николовски – Либеро 2

13.Александар Милков – примач

14.Иван Андонов – примач

15.Филип Маџунков – среден блокер

18.Васе Михаилов – примач