Ново коло, нова среќа
Македонските одбојкари денеска ќе играат со Турција во групата „Це“ на Европското првенство. Во арената „Стожице“ во Љубљана, црвено-жолтите загубија од Финска, но го освоија првиот сет на континенталните првенства, се бореа, беа рамноправен противник до завршницата на сите делови од натпревварот и според сите објективни параметри, пропуштија шанса за подобар резултат. Денеска пред нив е уште посилна репрезентација којашто силата ја потврди со освоен сет против европскиот првак Русија.

„Еден пораз не значи ништо. Ни овој натпревар нема да биде одлучувачки. Ако победиме, ништо нема да се реши, па и ако загубиме, исто така и натаму нема ништо да биде решено. Секој сет е важен и треба да играме до крај без разлика на резултатот“, вели селекторот Никола Матијашевиќ.
Приемот треба да бите перфектен за да можеме да се надеваме на рамноправен тек на натпреварот. Многу може да ни помогне и подобар сервис отколку вчера протв Финска, како и добра одбрана на турскиот коректор Лагумџија.
„Тој е нивно најсилно оружје и е многу моќен играч. Средните блокери им се искусни, станува збор за квалитетен противник“, потенција македонскиот селектор.
Против Турција одигравме два домашни натпревара во Европската лига во 2014-тата на коишто славевме двапати губејќи само еден сет. Иако ова е нова и поинаква репрезентација, сепак никој не може да ни ги одземе надежите дека можеме. Преносот од натпреварот е на Првиот нканал на МРТ од 17 часот и 15 минути, во рамки на емисијата посветена на Европското првенство.