Македонските одбојкари ја забележаа 77-тапобеда во 172-от официјален натпревар и со успех го почнаа седмиот настап во Европската сребрена лига. Во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, црвено-жолтитеславеа над Босна и Херцеговина со 3:0 (25:16, 25:17, 25:23) и најавија дека без оглед на подмладениот состав во ротација, можат повторно да стигнат до завршниот турнир во континенталното натпреварување. Селекторот Ратко Павличевиќ дебитирашесо победа на кормилото на Македонија, а капитенот Никола Ѓорѓиев оствари 25поени. Приемот генерално можеше да биде подобар, но и со деншниот, Маџунков иСавовски имаа по осум поени, Илеив заврши со седум, а техничарот Ѓорѓи Ѓорѓиевзабележа еден. Македонија имаше постабилна игра, подобро ги користеше контрите,помалку грешеше, во клучни моменти ги имаше вистинските решенија преку НиколаЃорѓиев и успеа да го одбие противничкиот напад во третиот сет и ја прославува 39-та победа во 55-от меч во Европската лига.
Наредниот натпревар македонските одбојкари ќе го одиграат во Галаци во Романија која вчера ја совлада Албанија на туѓ терен со 3:1 и потврди дека е главен фаворит за првото место во групата „А“. Оттука, пласманот на завршниот турнир може да биде речиси сигурен со триумф над Романија, но дурии да не биде така, овој пат целта на националниот табор е да ја крева играта ида ја одржува во стабилен тек. Резултатските императиви не се посакувани затоа што може да бидат товар за тимот во којшто Савовски, Костадин Ричлиев, Илиев и Костиќ треба да имаат поголема улога поради отсуството на Љафтов, на Ангеловскии на Николов.