Tag: #EuroVolleyM

Македонските одбојкари се одјавија од Тампере, почнува проектот ЕП 2023

Победите и поразите се рамноправен сегмент од секој натпревар. Токму затоа не мора да биде изненадување што македонските одбојкари загубија во сите настапи на 32-то Европско првенство во Тампере, напротив, знаејќи ги сите околности, може да се заклучи дека во „Хакаметска“ арена се остварија прогнозите. Црвено-жолтите не беа фаворити, но не беа ниту во Љубљана, па два пати се радуваа и без разлика што во одбојката најтешко се прават резултати против објективно посилни репрезентации, тогаш успеаја да слават и над европскиот вицепрвак Словенија. Сега ја немаше потребната енергија за таков впечаток, имамвме премногу осцилации во играта и понекогаш прерано се предававме што не е одлика на оваа генерација предводена од капитенот НиколаЃорѓиев.

„Длабоките анлизите претстојат, сега само можеме да зборуваме за првични импресии. Јасно е дека треба да почнеме да работиме на создавање услови за да можеме да бидеме натпреварувачки порамноправни на наредното европско првенство на коешто ќе ја имаме улогата на коорганизатор“,вели претседателот на ОФМ ПетарЈовановски.

Фактот што македонските одбојкари трет пат по ред ќе играат на континенталните собири не е само чест, туку и обврска. А тоа значи поразите да бидат корисни и од нив да се учи, а и да се подобрат сите околности од проектот„Тампере“. Македонија нема врвна одбојка, нема финансии да ги реазлизира сите цели, но има срце, волја и знаење да создаде и да спроведе стратегија. Во прв ред тоа би значело поддршка за младите играчи коишто добија шанса и на турнирот во Финска. Филип Савовски покажа дека има предиспозиции, освои 10 поени, беше нашиот најдобар сервер, но за врвен настап на голем собир потребна е постојана напорна работа на клупско ниво. Лука Костиќ беше помалкуна теренот, но го освои  првиот поен на европските шампионати, за разлика од Љубљана, беше во Тампере и тоа за него треба да биде поттик за да го искористи докажаниот бугарски одбојкарски методна работа, а со тоа да биде еден од нашите најголеми адути во иднина. Веројатново ротацијата ќе загубиме некои од повозрасните, а тие што ќе играат имаат обврска да пркосат на годините. Со еден збор, македонските одбојкари треба да останат свои. Потоа се ќе биде полесно остварливо.   

Завршна пресметка во групата во Тампере

Четирите порази со само два освоени сета ќе ги остават македонските одбојкари на последното место на табелата во групата во Тампере, но нужно не мора да значат дека ќе завршиме на дното на континенталниот собир. Од сегашна перспектива можеме да бидеме подобри само од Црна Гора која покрај тоа што нема победа или бод, нема ниту сет. А тоа,пак, ни остава простор да бидеме 23-ти во конечното рангирање што би можело да има важност за некои идни калкулации

Како и да е, македонската одбојка полека треба да се подготвува за наредните предизвици, во прв ред за Европското првенство во 2023-та на кое што ќе ја имаме улогата на коорганизатори. Фактот дека трет пат по ред ќе се најдеме во престижното друштво создава обврска да подготвиме натпреварувачка репрезентација, на еден или на друг начин. Тоа никогаш нема да биде лесно, но часовникот немилосрдно отчукува и потсетува дека процесот треба да се почне веднаш. Утрешниот дуел со Русија ќе биде формален знаејќи го односот на силите, но може да биде уште една шанса за промоција на нашиот млад кадар без оглед каков и да е. Актуелните олимписки вицепрваци нема да дозволат опуштање затоа што ќе направат се за да стигнат барем до второто место во завршните два дена во „Хакаметска“ арена, што би им донело полесен противник во осминафиналето. Иста идеја ќе имаат и Холанѓаните и Турците, како и Финците, па затоа натпреварите во групата во Тампере се уште имаат привлечност и соодветно резултатско значење. Преносите се на каналите на Македонската телевизија.

Има за што да се игра, Македонија – Шпанија

Секој поен, секој сет и секоја победа на европските првенства има огромно значење за македонските одбојкари. Оттука, без разлика на поразите од Финска, од Холандија и од Турција, црвено-жолтите сакаат да го одиграат најкоректниот натпревар на 32-то Европско првенство во групата „Це“ во Тампере. Противник ќе им биде Шпанија која досега исто така загуби трипати од истите ривали, а по дуелот со нас, ќе ги одмери силите и со моќната Русија.

Почетните позиции на двата состава се идентични, Шпанците освоија 30, а загубија 8 поени повеќе од нас, така што во меѓусебната пресметка ќе влезат од петтата позиција. За да го избегнеме дното, ние треба да ја оствариме третата победа во деветтиот меч на континенталните самити, што би било реванш за поразот на Медитеранските игри во Тарагона пред три години.   

Ќе се вратат ли отпишаните?

На поразените им останува да се подобрат, на отпишаните да се борат до крај! Со поразите од Финска и од Холандија македонските одбојкари се во двете категории. Затоа третиот натпревар на Европското првенство во Тампере треба да биде уживање. Поради настанот, поради противникот, поради можноста за промоција со секој одигран поен. Турција е силна, ги совлада моќната Русија, а го издража и шпанскиот предизвик, така што пред првиот сервис во „Хакаметса“ арена нашите одбојкари треба само да се потсетат дека нема што да загубат. Во спортот генерално понекогаш таквите натпревари се најлесни за играње.

Во меѓусебниот биланс Македонија има тритриумфи против Турците, последниот беше клучен за наше второ учество на континенталните самити, а тимот на селекторот Недим Озбеј го доби соочувањето на европскиот шампионат во Љубљана пред две години. Турците беа поуспешни и во првиот од двата квалификациски натпревара во јануари во Скопје, а загубија во двете средби во Еврпската лига во 2014, со напомена дека тогаш играа со втор тим. Некои од играчите во тој состав сега се носители на играта, а тоа ја покажува долгорочната турска одбојкарска стратегија. Сега, на теренот во Тампере, Македонија треба да најде одговор на противничката игра со нов техничар и со нов примач. Знаејќиго квалитетот на коректорот Лагумџија, на поискусните примачи Ѓулмезоглу и Ѓунгор, како и на тинејџерот Мандирачи и на центрите Саваш и Матиќ, задачата нема да биде лесна, но многу работи повторно се кај нас. Ние се уште го немаме нивото од победите над Белорусија и над Словенија во „Стожице“, а тоа е нашата основна цел. Доколку ја реализираме, колку и да е клише, резултатите ќе бидат логична последица. Преносот од натпреварот Македонија-Турција е на МРТ-1 и на МРТ-3 од12 часот и 40 минути.

Загубивме од Холандија, почнува подготовката за Турција

По уште еден ден со тестови со контроверзни и нејасни резултати и објаснувања „можно позитивни“, како и нелогични изолации, македонските одбојкари загубија од Холандија со 3:0 (25:20, 25:18, 25:22) во вториот настап на Европското првенство во Тампере. Противникот беше подобар иако нивниот селектор Пјаца почна со резервистите од предходниот натпревар против Шпанија. Но и тие што беа на теренот имаа доминантен блок, се бранеа добро и секогаш беа чекор пред нас. Нападот на осмата европска селекција имаше 43 наспроти 34 поени, 14 блока, односно девет повеќе од нас, а ние имавме предност во асовите. Од три за Македонија, два беа на Филип Савовски, кој влезе во ротација на местото на повредениот Филип Маџунков и ја искористи шансата.

Сепак, Холанѓаните не дозволија да се понадеваме на сет, на почетокот на вториот првпат поведовме со 1:0, потоа со 16:15, но како и против Финците лесно дозволивме ривалот да прави серија, така што Македонија е на последното место во групата „Це“ по некомплетното второ коло. Имаме ист биланс (0-2) како и Шпанија, но полош поен-количмник.

Никола Ѓорѓиев освои 13 поени, Александар Љафтов11, а дебитантот на европските првенства Филип Савовски заврши со 6 (4 од напади 2 аса), исто како и Ристо Николов. Владо Млев заработи 2, а по еден Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Маџунков.

Наредниот наш натпревар во „Хакаметска“ арена е в недела од 13 часот против Турција која досега забележа два триумфа. Откако славеше над Русија во првото коло, четата на Озбеј се радуваше и против Шанија со 3:1 и се наоѓа на второто место зад Холандија. Финска е трета, Русија четврта.Денеска, со преноси на МРТ-3, Шпанија ќе игра со Финска, а Холандија со Русија. Програмата почнува нешто пред 13 часот.  

Европски почеток со пораз, Финска славеше над македонските одбојкари

Како и во Љубљана пред две години, повторно пораз на македонските одбојкари од Финска, овој пат на отворањето на 32-то Европско првенство. И вчера во Тампере со 3-1 (25:20, 25:15, 24:26, 25:22), со моменти за коишто треба да се држиме и со осцилации во играта коишто треба да ги надминеме.

А отворивме како што посакувавме, Љафтов реализираше од првиот напад, Никола Ѓоргиев беше во напаѓачки елемент, Милев брзо стигна до 4 поени, приемот беше во ред и дојдовме до 10:6. Потоа брзо дозволивме четири поени на противникот, го вративме во сетот, исто како и на15:13 за нас, коректорот Сивула влезе во ефикасен напад, Тервапорти сервираше непријатно, Керминен бранеше одлично, се разиграа примачите и Финците лесно ја завршија работата. Вториот сет не треба ни да го споменуваме иако на негативаод 15:13 имаше спорна судиска одлука, па потоа и црвен картон за Љафтов, но сооглед на приемот, изгледаше дека секако ривалот ќе оди на 2-0.

Продолжението беше поинакво, Деспотовски го замени Ѓорѓи Ѓорѓиев на позиција техничар, заигравме подобро, се вративме на10:6 и на 20:18, одбранивме меч-топка, а ја искористивме втората за сет. Нокако и претходно, не можевме да бидеме коректни до крај на прием и во напад, пабез разлика на серијата сервиси на Љафтов, како и на блоковите, сепакзагубивме.

Никола Ѓорѓиев постигна 19 поени, Љафтов 18, Милев заврши со 9, Николов со 7, Маџунков со 4, а Деспотовски со 3, од нив клучен блок и ас на крајот на третиот сет. Кај Финска, Сивула торпедираше со 35, Макинен со 17, Ронкаинен со 14. Сирила се израдува на 9, Синконен на 8, Тервапорти на 4.  

 Наредниот натпревар на Македонија е в петок соХоландија, а потоа ќе играме со Турција, со Шпанија и со Русија. По вчерашниот пораз, осминафиналето е далеку, но македонските одбојкари се во Тампере за да играат. А се уште се игра!

Повторно денови за наша душа, Финска – Македонија


Не сме најголеми, но еве не повторно меѓу најголемите. А што значи големината, како се мери, како се одредува? Во спортотсо резултат на ист терен и според исти правила. Затоа, за кратко во Тампере,Финска не може да биде голема, Македонија и никогаш не е мала. Почетните позиции се апсолутно еднакви без разлика на нивните 18, а на нашето досегашно едно европско првенство. Македоните одбојкари ја научија лекцијата од континенталната премиера и овој пат го креваа нивото за да блеснат токму на првиот натпревар во престижното друштво. А во него, пред две години, Љубљана ја напуштивме со победи над Белорусија и над Словенија. Европски хет-трик против Финска ќе биде наш нов одбојкарски бум.

„Јас мислам дека ќе реши нашата подготвеност, физички сме подготвени и брзи. А од елементите во игра, разлика може да направи нападот од средина и зависи како ќе ни тргне блокот“, вели македонскиот центар ФилипМаџунков.

Разлика може да биде секој поен. Финците објективно се поискусни затоа што го имаат коректорот Сивула со шест и техничарот Тервапорти со пет европски првенства, како и либерото Керминен кој игра во Русија. Но Македонија има добар сервис и атрактивен напад на Љафтов, знаење и стандардност на капитенот Ѓорѓиев, прием и одбрана на Милев и на Ангеловски, прецизностна техничарите Ѓорѓи Ѓорѓиев и Деспотовски. Ја има и новата селекторска енергија на Душко Николиќ и на неговиот стручен штаб. Клучот е сето тоа да се спои во целина наречена македонска одбојкарска репрезентација. Ова се повторно денови за нејзини соништа, за емоција под притисок за играчка експлозија во „Хакаметса“арена, за непрестајни ивици „за кого“, со најубавиот можен одговор – „за Македонија“! Ова се повторно денови за наша душа.